Туристичка атракција во Дубаи: Со очила за витуелна реалност можете да се чувствувате како орел кој се спушта од кулата Бурџ Калифа

Кулата Бурџ Калифа е висока 830 метри, а орелот кој се спушта кај својот сопственик носи камера, која е поврзана со очилата за виртуелна реалност.

8 рајски хотели во кои би сакале да останете засекогаш

Кога одите на одмор кој сакате да го паметите до крајот на животот треба добро да се организирате. Празниците веќе завршија и сега е одличен период да испланирате каде би сакале да одите оваа лето. Патем може поевтино да ви излезе. Иако овие хотели се наоѓаат на прилично егзотични дестинации, кои ретко кој може да си ги дозволи, сепак вреди да се погледне убавината која што ја нудат хотелите и самата локација.

Еве како би изгледале земјите доколку нивните димензии соодветствуваат на бројот на жители

Од училишните денови сите сме запознаени со стандардната карта на светот. Дали ја замислувавте на поинаков начин? Ако не, тогаш Макс Розер веќе го направил ова за вас. Тој ја формирал картата не врз основа на големината на територијата на секоја земја, туку врз основа на густината на населението. Како резултат на тоа, добил прилично чуден демографски картограм.

8 примери кои покажуваат колку е контрастен нашиот свет

Живееме на неверојатна планета со различна клима, природа, луѓе и креации. На пример, територијата на Бангладеш е 118 пати помала од територијата на Русија, а населението е многу поголемо. Сите овие контрасти го разгоруваат умот, прават да останеме зачудени и да размислуваме колку е различен животот на луѓето низ целата Земја.

19 места на Земјата кои изгледаат толку неверојатно, што е тешко да се поверува дека постојат

Нашата планета имала милиони години за да ги создаде своите ремек-дела, и се чини дека работела на тоа прилично напорно. Земјата е богата со величествени места – сосема природни или „подобрени“ од луѓето, тие нѐ фасцинираат и нѐ прават желни да патуваме и да ги видиме и самите. Нашиот свет е прекрасен и сакаме да споделиме со вас неколку од милионите причини зошто е тоа така.

19 феноменални нешта кои можат да се најдат само во Исланд

Исланд е остров кој може да се најде во северниот дел на Атлантскиот океан. Иако името на земјата значи земја на мраз, во реалноста природата е разновидна и магична. Но, Исланд ја заслужува љубовта на луѓето не само поради неговата природна убавина. Има голем број на покриви со трева, смешни полицајци и слатки семафори.

Убавината на „Каската дел Марморе“: Најголемиот вештачки водопад во светот создаден од античките Римјани

Околу 8 километри источно од градот Терни, во регионот на Умбрија во Италија, се наоѓаат прекрасни водопади на три нивоа наречени „Каската дел Марморе“ или „Водопадите Марморе“. Тие некогаш биле дел од „Големата турнеја“ каде што богатите млади Англичани од 17-тиот и 18-тиот век лутале низ Франција и Италија барајќи места, уметност, култура и корени на западната цивилизација.

Ако сте уморни од динамичниот градски живот и од интернетот оваа работно место со плата од 130.000$ е идеално за вас

Мал остров со прекрасен поглед на градот може да биде вашиот нов дом, доколку знаете како да управувате со брод и можете да угостувате одреден број на туристи. Огласот гласи вака: „Се бара чувар на светилник. Локација: мал острво со прекрасен поглед кон Сан Франциско. Плата: околу 130.000 долари годишно. Голем број ќе им завидуваат на двајцата чувари на светилник, кои треба да се вработат.

15 настани од 2018 година, кои ќе бидат вклучени во историските хроники на XXI век

Пред неколку денови, светот го премина прагот на 2019 година, оставајќи ја зад себе 2018 година. Како ќе се сеќаваме на изминатата година и што ќе биде напишано за неа во учебниците за неколку децении? Ајде да се потсетиме на настаните од изминатата година, кои ќе останат во историјата благодарение на камерите. Овие настани ќе се најдат во книгите по историја во поглавјето насловено „2018“.

16 фотографии кои изгледаат како фотошоп, но всушност се апсолутно вистинити

Фотошоп – програма со голем потенцијал кој целосно може да го промени секој објект или личност. Сепак, има нешто понапредно, способно да создаде нешто за кое човекот никогаш не сонувал. Тоа е самата Мајка Природа, која, според изјавата на писателот Мехмет Мурат Илдан, „секогаш може да се смее на моќта на човекот“. Понекогаш луѓето ги комбинираат нивните напори со природата, а потоа добиваат навистина неверојатни креации.

10 докази дека Шведска се состои целосно од неверојатни работи

Швеѓаните се неверојатни: тие јадат пица со банани, живеат според законот на Јанте и повторно го градат истиот хотел секоја година. Пред да ја прочитате статијата и да научите многу интересни работи за оваа земја, не заборавајте да пуштите еден од хитовите на групата ABBA. Спојлер: на крајот ќе дознаете зошто легендарните музичари настапувале во такви чудни костими.

Човек тргнал по „скратен пат“ предложен од Гугл Мапс и добил лекција и авантура која ќе ја памети за цел живот

Мапите на Google се, без сомнение, неверојатно корисна алатка. Може да ве одведе во ресторанот во центарот каде што ве чекаат вашите пријатели, да ви посочат каде се наоѓа вашиот хотел и ккао да стигнете до него во непознат град, да ги пресмета најдобрите правци со најмал сообраќај, па дури и ви обезбеди распоред, препораки и работни часови, тешко е да се замисли како во минатото сме функционирале без него.

Москва изгледа како бајка за време на новогодишните празници

Москва е еден од најубавите градови во светот, а за време на новогодишните празници станува и еден од најмагичните градови. Кристина Макева фотографка од Москва ја преточи убавината на нејзиниот град во фотографии кои ќе ви го одземат здивот. Погледнете ги, затоа што оваа новогодишна бајка ќе ја засакате, без разлика на годините.

Најголемиот жолт дијамант во Северна Америка е откриен во рудник во Канада

Најголемиот досега пронајден жолт дијамант во Северна Америка е откриен во рудник во Канада. Жолтиот дијамант тежи 522 карати, со димензии 33,74 x 54,56 мм во суровата форма. Тој бил откриен во рудникот Диавик, кој се наоѓа на околу 200 километри јужно од Арктичкиот круг во северозападните територии на Канада.

Новогодишната магија во метрополите ширум светот (20 фотографии)

За денеска ви направивме избор од некои повпечатливо украсени градови во престер на новогодишните празници. За крај го имате и Скопје, чисто за споредба. Ви се допаѓа ли декорацијата на нашиот главен град оваа година?

10 навидум обични работи поради кои ќе завршите во затвор во некои држави

Кога планирате одмор, неопходно е да дознаете повеќе за локалните закони кои можат да бидат навистина груби, дури и кога тие се применуваат за странските туристи. Во некои земји, можно е да ве стават во затвор поради собирање на мали школки или ако јадете кифла со мак.

Што се наоѓа на врвот од пирамидите? Што е тоа „вулкански леб“?: Дознајте ги овие и други 12 интересни факти кои ќе ви ја задоволат љубопитноста

Во светот постојано се откриваат нови нешта, така што не е ни чудно што книгите по историја и географија ни изгледаат недовршени. Процесот на барање на одговори ја зголемува енергијата на луѓето, прави да сонуваат ги тера да се чувствуваат како пионери. Научете нешто ново за светот кој нѐ опкружува преку овие интересни факти.

Еве како ќе изгледа најновиот облакодер во Лондон, наречен „Лале“, кој ќе нуди прошетки во стаклени кабини

Зградата наречена „Лале“ ќе стане втора највисока во Лондон зад „The Shard“ и ќе има 12-катна „пупка“ на врвот од бетонскиот дел висок 240 метри, со платформи за набљудување на 8 ката. „Лале“ исто така ќе има ресторани и барови кои ќе можат да угостат 1.500 луѓе.

Рајско место за одмор на Малдивите, кое ќе биде ваше по цена од 50.000 долари НА ДЕН!

Мурака е едно од најлуксузните и најскапите места за одмор на планетата, а што нудат за 50.000 долари на ден, ви прикажуваме во продолжение.

Необичниот живот на луѓето во „облачниот дел од светот“, Фарските Острови, каде има само 3 семафори

Фарските Острови се невообичаена земја која се губи некаде на пат од Норвешка до Исланд. Оваа територија има многу интересно име, буквалниот превод е „Овчи острови“. Животот тука не е сличен со дневната рутина во другите држави и е неверојатен на свој начин.

13 причини зошто Австралија го прави овој свет посебно место

Дали сакате да одите на место каде што има блескави инсекти, наместо снег на Божиќ, и птици кои имитираат кучиња, па дури и ги пеат вашите омилени песни? Сѐ што ви треба е виза и авионски билет за Австралија!

20 неверојатни пејсажи, кои изгледаат како да се фотографирани на друга планета

Според научниците, на Земјата има 12 пати повеќе дрва отколку ѕвезди на Млечниот Пат. Затоа, не е ни чудно што природата на нашата планета понекогаш создава ремек-дела кои се толку уникатни што изгледаат дека се нереални додека не ги видиме со свои очи.

Одмор од соништата, идеален за одржување на ментална хигиена

Базенот се наоѓа на швајцарските Алпи, во хотел-вилата „Хонег“. Освен одржување на ваков начин, за менталната хигиена се важни и неколку други работи за кои можете да прочитате во продолжение. Секој поединец може многу да си помогне при психички тешкотии. Многу студенти во текот на студирањето се соочуваат со тешки периоди, предизвикани што поради испитите […]

8 неочекувани правила кои треба да ги следиме кога се храниме во друга држава

Дали знаевте дека некои основни правила и традиции за кои сметаме дека се нормални можеби се забранети или се гледаат како навреда во некои земји? За нас е сосема во ред да си ја посолиме храната и никогаш нема да помислиме дека ова е навредливо во некоја друга земја. Откривме некои навистина чудни и необични традиции за време на оброк, со кои секој од нас би можел да се соочи додека е во странство.

10 прекрасни аеродроми на кои би биле среќни да останете доколку ви го одложат летот

Скоро секој од нас барем еднаш бил или ќе биде измачуван од бескрајно чекање на лет кој доцни. Сепак, не се сите аеродроми „досадни“, некои од нив пружаат поголема авантура од самиот лет.

Оазата Дүнхуаң во Кина создадена пред 4000 години (15 слики)

Оазата се наоѓа на работ на пустината Гоби, а од античките времиња служела како порта на позатиот кинески Пат на свилата. Во подножјето на огромна песочна дина има големо езеро во облик на полумесечина и неколку згради. Оазата Дунхуан се сметала за едно од главните места за одмор за караваните по долгото патување по жешкиот […]

19 фотографии кои покажуваат колку е моќна природа

Природата е разновидна и може да се однесува на различни начини кои не оставаат без зборови. Може да станува збор за нешто големо како бура или ураган, или нешто едноставно како растение кое расте низ бетон за да не изненади. Таа може да создаде и да уништи и во секој случај е огромна и впечатлива сила.

30 работи што докажуваат дека Јапонија живее во 3018 година

Јапонија отсекогаш била пример кој треба да се следи за остатокот од светот кога станува збор за развојот, иновациите и услугата. Секогаш кога некој ќе пристигне во Јапонија има нешто што ќе го зачуди. Роботи работат како хотелски персонал, има вработени во лифтови и продавници без нив, паркинзи за чадори и најлуда храна. Ова се само неколку работи кои прават посетителите на Јапонија да кажат: „Го сакам ова и во мојата држава!“

Започна најголемото чистење на океанот со систем вреден над 20 милиони долари

Во Тихиот океан се одвива најголемото чистење со цел да се соберат до 70.000 килограми ѓубре во првата година и евентуално да се исчисти и Големиот Пацифички отпад.

Интересни историски фотографии кои го покажуваат „необичниот“ живот во минатото

Стари фотографии се извонредни затоа што тие овозможуваат да допреме во нашата историја, да научиме како живееле и што правеле луѓето во минатото.

+