5.25 трилиони парчиња пластика лебдат во океаните, па затоа не е ни чудо зошто некои луѓе почнаа да губат надеж дека повторно ќе видат чиста вода. Но, многумина работат напорно за да ја повратат штетата што луѓето ја направиле на морињата и на морскиот свет.

Умни пронаоѓачи развија машини, техники и технологии кои сигурно ќе ја вратат надежта на најнадежните и сакаме да ја споделиме оваа добра вест со вас.

1. Еко-бетон кој ги насели коралните гребени

Бетонот кој постојано е во контакт со морскиот живот има тенденција да му наштети поради неговите хемиски составни делови. Но, компанијата ECOncrete нуди добро решение за проблемот. Тие создадоа некои производи кои се произведуваат само делумно со бетон кој има различен и еколошки состав и дизајн. Кога се ставаат во океаните, овие бетонски блокови овозможуваат мали риби и корали да живеат во нивните мали дупки, помагајќи да се репопулира екосистемот.

2. Прстени за лименки кои можат да се јадат

Saltwater Brewery е компанија од Флорида во сопственост на љубителите на океанот, кои не сакаат нивните прозиводу да му штетат на морскиот свет. Затоа тие смислиле пакување кое е безбедно за морските животни. На овој начин тие работат заедно со своите потрошувачи за да го намалат пластичниот отпад и да ги хранат животните, наместо да ги повредуваат.

3. Роботот кој може да идентификува и фаќа микропластика во океанот

Овој изум е дизајниран од страна на Ана Ду, девојче кое е 6-то одделение и која станала финалистка на натпреварот Discovery Education 3M Young Scientist Challenge. Нејзиниот робот е далечинско управувано возило (RAV) кое користи инфрацрвено светло за откривање и ловење микропластика.

Составен е од 2 различни системи, систем за навигација кој го води низ вода и систем за откривање кој користи инфрацрвена камера со висока резолуција за да ја пронајде пластиката.

4. Канта која го собира ѓубрето секаде каде што ќе ја ставите во вода

The Seabin Project изгледа скоро како обична канта за отпадоци, а всушност е и тоа, само што го собира ѓубрето од океаните. Таа е креирана да ги собира отпадоците околу пристаништата. Кантата собира остатоци, масло, пластика, горива и детергенти, ослободувајќи чиста вода. Таа чисти 2 тони ѓубре дневно.

5. Роботизиран брод кој може да собере до 150 тони пластика од океанот

SeaVax е роботски брод кој може да го апсорбира пластичниот отпад од водата. Сè уште е прототип, но идниот систем ќе биде способен да собере 150 тони ѓубре. Ќе работи на соларна енергија и турбини на ветер, што ќе го направи уште посовршено решение за животната средина.

6. Машина која чисти колосална количина на пластичен отпад во океанот

Големиот премин со ѓубре што лежи помеѓу Хаваи и Калифорнија е толку голем, некои го нарекуваат контејнер за ѓубре. Сепак, неговите денови се избројани. Бојан Слат млад холандски научник, поминал 5 години создавајќи го The Ocean Cleanup, масивен систем кој ќе ги исчисти океаните, за кој можете да прочитате повеќе тука.

7. Ултра-тенок заштитен штит кој ги штити коралните гребени од интензивни сончеви зраци

Потоплата вода ја зголемува киселоста на океанот, што пак ги избелува коралите. Но, сега, научниците од Универзитетот во Мелбурн и Австралискиот институт за морска наука развија биоразградлива формула за борба против ова.

Решението е направено од калциум и може да се испрска врз водата, создавајќи „фолија“ која ја одржува водата ладна и ја минимизира изложеноста на сончева светлина.

8. Коцки за гребени кои ги реконструираат морските живеалишта за животните

Овие коцки се вештачки, еколошки изградени морски живеалишта создадени од компанија наречена ARC Marine. Коцките се направени од еколошки материјали кои ги имитираат карактеристиките на коралниот гребен и обезбедуваат повеќе видови на морски животни со храна, засолниште, подобар квалитет на вода и многу повеќе.

9. Употребата на ин витро оплодување за репопулација на коралните гребени

Австралиските научници ги населуваат оштетените корални гребени кои се наоѓаат во филипинските води и на Големиот корален гребен со користење на нови методи за корали преку ин витро оплодување (IVF). Примероците од коралните ларви се земаат од океанот и се репродуцираат со милионите во лабораториите.

Подоцна се поставуваат на оштетени гребени и се обезбедуваат од мрежи за да се спречи струјата да не ги однесе. Ова е иновативен начин за репопулација на морското подрачје кое е под влијание на климатските промени и феноменот на Ел Нињо.

Сподели на Facebook
пати видено