Неодамна огромен пожар го опфати бисерот на готската архитектура, Нотр Дам во Париз. За само неколку минути фотографии од големиот пожар го опколија светот и чудно е што Нотр Дам преживеа војни и револуции, но не можеше да го преживее 21-виот век.

Жално е, но ние ги губиме прекрасните места што ги сакаме, иако имаме сѐ што е потребно за да ги заштитиме.

1. Нотр-Дам де Париз, Париз, Франција

Според полициските истражители, пожарот започнал во центарот на покривот на катедралата. Причините за трагедијата сѐ уште се испитуваат. Една од теориите сугерира дека огнот може да биде поврзан со градежните работи што се одвивале во катедралата во моментот на несреќата.

2. Легзира Бич, Сиди Ифни, Мароко

Сводовите на плажата Легзира биле обележје и еден од симболите на Мароко, додека еден од нив не се распадна во септември 2016 година. Локалните жители ги обвинуваат властите бидејќи било приметено дека еден од нив почнал да се рони и властите требале да преземат мерки за да го зачуваат.

3. Храмот на Бел, Палмира, Сирија

Главниот храм на Палмира беше уништен во 2015 година за време на војната во Сирија. Тој бил еден од најзначајните религиозни објекти од 1 век од н.е. и античкиот свет воопшто.

4. Националниот парк Joshua Tree, Калифорнија, САД

Националниот парк Joshua Tree е прекрасно место кое може да се пофали со уникатни пустински екосистеми со надреални геолошки карактеристики и голем избор на најнеобични растенија. Во јануари 2019 паркот беше отворен за јавноста за време на 35-дневниот штрајк на владините работници. Бидејќи немало ренџери за надзор се случил огромен вандализам. Се смета дека се потребни 200-300 години за паркот да се врати во првобитната положба.

5. Малата сирена, Копенхаген, Данска

Скулптурата била направена од Едвард Ериксен во 1909 година, а ние всушност го изгубивме овој споменик многу пати за време на неговата релативно кратка историја. Прекрасната сирена била обезглавена двапати, ја изгубила раката и била безмалку покриена со бои и графити.

6. Езеро Мекензи, Тасманија, Австралија

Во јануари и февруари во Тасманија имаше многу пожари кои го опфатија и најживописното езеро Мекензи. Тие уништија ретки растенија, кои нема да можат повеќе да се регенерираат.

7. Бримхам Карпи, Северен Јоркшир, Англија

Не е тајна дека туризмот ги уништува познатите обележја, но звучи неверојатно кога луѓето ќе уништат историја стара 320 милиони години. Во јуни 2018 деца турнаа една од карпите и таа се распарчила.

Сподели на Facebook
пати видено