Со 78.801 фотографии поднесени од 4.738 фотографи, на Светскиот натпревар за „World Press Photo of the Year“, 2019 година може да има само победници од највисокиот калибар. Овие моќни фотографии, направени од професионални фото-новинари од целиот свет, ни ги раскажуваат приказните што се важни, допираат до срцето на проблемите со кои се соочува нашиот свет и ни ги отвараат очите кон често суровата реалност.

Овогодишниот победник е срцепарателна фотографија од 2-годишното дете од Хондурас, Јанела Санчез, која е фотографирана како плаче додека таа и нејзината мајка, Сандра Санчез, се притворени од страна на американските официјални претставници во Мекален, Тексас. А еве и неколку од најдобрите фотографии за оваа година:

Топ вести, Прва награда „Расплакано девојче на граница“, од Џон Мур

Спорт, приказни, Втора награда, „Никогаш не го видоа да плаче“ од Мајкл Ханке

Животна средина, Прва награда. „Акашинга – храбрите“ од Брент Стиртон

Современи проблеми, Прва награда, „Кубанитите“ од Дијана Маркосијан

Портрети, Прва награда, „Дакар мода“ од Финбар Орили

Топ вести, приказни, Прва награда, „Мигрантскиот караван“ од Питер Тен Хупен

Современи проблеми, приказни, Прва награда, „Благословен да биде плодот: Борбата во Ирска за да ги укине законите против абортусот“ Од Оливија Харис

Природа, приказни, Прва награда, „Соколи и влијанието на Арапите“ од Брент Стиртон

Природа, Прва награда, „Нозете на жабите“ од Бенсе Мате

Општи вести, Втора награда, „Сѐ уште жив вулкан“ од Даниеле Волпе

Сподели на Facebook
пати видено