12 длабоки илустрации кои ќе ве натераат да размислите за себе и за светот околу вас

Нашиот свет не е совршен и постојат многу работи кои би требало да се сменат. А кога станува збор за промена, најдобро е секогаш да се почне од себе, бидејќи разбирањето на проблемите е првиот чекор кон нивно решавање. Денешните илустрации ќе ја откријат суровата вистина за модерниот свет во кој живееме, но ние веруваме дека секој е способен да си го направи животот подобар и поквалитетен, а со тоа и да придонесе на глобално ниво.

Пред да решите да се тетовирате, задолжително видете ги овие тетоважи

Прекрасни уметничи дела на телата.

38-годишната холандска пејачка и ТВ водителка, Кели ван дер Вер, има прекрасен костим за заштита од дожд

Како од времето на Адам и Ева :).

Уметница од Сибир создава „жално веројатни“ сцени од животот на старите лица

Ирина Верхглавска од Сибир веќе 30 години го создава својот „Мал свет“ во кој минијатурни кукли ги имаат главните улоги. Секоја од нив е мало уметничко дело, разработено до најмалите детали. Не е исклучок и зборката „Драги стари мои“ со приказни од вистинскиот живот на постарите лица. Нема многу да зборуваме за овие дела. Во овој случај е подобро да ги видите самите (и потоа да ги избришете солзите и повторно да ги разгледате).

Најнеобичната библиотека во 100-годишното дрво, која е бесплатна за сите

Креативните луѓе понекогаш наоѓаат инспирација во најнеочекуваните предмети и објекти, претворајќи ги во вистински ремек-дела. Неверојатна потврда за ова е исклучителен уметнички објект создаден од жителка на Ајдахо (САД). Наместо целосно искоренување на мртво и суво дрво, таа го претворила во мини-библиотека која ќе ја користат сите жители на градот, и оваа библиотека е потполно бесплатна.

51 добра идеја за вашата нова тетоважа

Доколку размислувате за прва или за уште една тетоважа, еве ви одлична инспирација, а воедно убаво е да се види каде оди светот.

Архитект дизајнира неверојатни футуристички куќички на дрво во италијанската шума

Миланското студио „Питер Пихлер Архитектура“ разви концепт за одржливи дрвени куќи на дрвја во шумата на италијанските Доломити. Дрвените куќи се додаток на постоечки хотел и треба да создадат ново искуство за живеење во шумата со максимална врска со природата.

Како ќе изгледаше доколку Доналд Трамп се родеше во Русија?

Што доколку се родивте во некоја друга држава? Дали вашиот живот би изгледал поинаку? Рускиот уметник Вјачеслав Жданов, исто така, го постави истото прашање, но тој си замисли како би живеел американскиот претседател Доналд Трамп. Во рускиот град Уљановск се одржа изложба наречена „Трум Пум Пум“. Се состоеше од најновите слики на Вјачеслав Жданов, но овие слики не беа обични. Преку нив уметникот сакал да претпостави како би изгледал животот на претседателот на Америка, доколку тој се родил во Русија.

15 неверојатни скриени простории кои би ја направиле секоја куќа совршена

Скриени соби, тајни врати, лажни камини … Сето ова ни дава чувство на магија околу нас. Но, историјата потврдува дека замоците и куќите често биле изградени со тајни простории и премини во старите денови. Тие биле користени за криење на богатство, бегство или извршување на различни, тајни активности. Како што можете да видите од овие фотографии традицијата за скриени простории уште не исчезнала.

Јапонски архитект го дизајнирал својот дом со специјален ѕид за да направи полица „отпорна“ на земјотреси

Градот Јокохама во Јапонија, вториот по големина град во земјата со население од 3,7 милиони луѓе, има многу јапонски проблем. Земјотреси. Иако овој збор ги оживува мрачните слики во нашите глави, каде што цела зграда се распаѓа за неколку секунди, има многу повеќе земјотреси што не се толку катаклизмични.

Уметник упатува критички поглед кон современото општество преку своите брутално искрени слики

Сем Бејли е 21-годишен илустратор од Слау, Обединетото Кралство, кој критички гледа на разни теми кои се дел од современото општество. Тој создава илустрации кои ги провоцираат мислите и го доведуваат во прашање светот во кој живееме. Во 2011 година почнал да создава илустрации за неговото семејство и така влегол во уметничкиот свет. Тој почнал да ги објавува своите дела на интернет и луѓето го сакале бидејќи неговите дела се интелигентни и совршено добро направени. Тој ги покажува видовите на социјални проблеми со кои се соочуваме во денешниот свет – од здравствени проблеми предизвикани од социјалните медиуми до нееднаквост и сиромаштија.

Оваа жена од Кина е толку голем уметник со шминка, што може да си ја смени дури и расата

Гледајте и чудете се! Од косоока Азијка се претвори во афикански топ модел!

20 „остри“ илустрации кои покажуваат дека светот полудел

Илустрацијата не е само слика, туку целосно прикажана приказна. И станува уште поинтересно кога оваа приказна е напишана за нас. Денес животот е исполнет со технологија, социјални мрежи и трендови кои понекогаш се тешки за разбирање. Светот навистина полудува, а илустраторите успеваат да го опфатат тоа, за да можеме да се видиме како изгледаме од страна.

Талентиран уметник прави 3Д ремек дело на дното на керамички сад

Кога некој човек е навистина талентиран, секогаш е убаво да се гледа неговиот начин на работа.

15 креативни идеи наменети за училиштата, кои заслужуваат Нобелова награда

Училиштето е втор дом за децата и луѓето кои работат таму треба да го направат да биде што е можно поудобно и позабавно место. И понекогаш овие идеи и пронајдоци се толку кул што училиштето станува посебно место кое ја поттикнува креативноста, го олеснува животот на учениците и го прави процесот на учење позабавен.

11 епски утрински ситуации кои секој родител ќе може да ги разбере

Утрата не започнуваат секогаш со кафе. Тие можат да започнат со веста дека снемало од единствените житарици што вашите деца сакаат да ги јадат наутро или со повик од наставникот на вашето дете, кој се жали дека вашето дете се појавило на часо со панталоните облечени обратно. Има и други опции – може да бидете информирани во последна минута дека вашето дете треба да однесе домашен проект на училиште или дека денес има маскенбал во градинка. Заборавете на кафето!

Пред да решите да се тетовирате, задолжително видете ги овие тетоважи

Прекрасни уметничи дела на телата.

9 тајни од јапонската книга „Магично чистење“, која научи милиони луѓе ширум светот како да си ја исчистат куќата, но и животот

„Магично чистење“ на Мари Кондо е книга која научила милиони луѓе ширум светот да ја исчистат куќата и животот. Таа била преведена на многу јазици и целта ѝ е да ви помогне да се ослободите од непотребните нешта и на крајот да се опкружите само со оние работи кои го „допираат“ вашето срце.

Овие 15 фотографии кои прикажуваат како познатите личности се дружат со своите помлади верзии се доказ дека стареењето важи и за ѕвездите

Замислете да можете да се вратите во минатото и да ја запознаете помладата, бунтовна верзија на себе? Какви совети би им дале? Холандскиот уметник Ард Гелинк уште не ја измислил временската машина, но неговите брилијантно фотошопирани фотографии на иконите и нивните помлади верзии се најблиску што можеме да дојдеме до тој сон. Погледнете ги најпознатите ѕвезди на сите времиња како се „дружат“ со своите помлади верзии.

15 длабоки илустрации кои ја откриваат суровата вистина за светот денес

Уметниците често го користат своето платно како портал за да изразуваат како се чувствуваат во врска со луѓето, местата и работите. Во последно време, тие прикажуваат сатирични илустрации за да покажат дека светот во кој живееме денес е место каде што сѐ што блеска, навистина не е злато и има приказна зад секоја слика. Општеството е возено од непредвидени зла во различни сценарија и време е светот да се разбуди и да се осврне кон тоа. Иако ова не е убава глетка за очите сепак треба да служи како добар „будилник“ за општеството.

Жена мислела дека нејзината слика нема да му се допадне на никој, но всушност започнала необичен синџир

До сега повеќето од нас научија не може секогаш да се погоди што ќе се случи по некое едноставно дело. Интернетот само сака да ги избере најсреќните работи и да им даде неверојатно големо внимание. Значи, кога нешто сосема случајно станува позитивна сензација тогаш зошто да не се поддржи? Еден маж објавил фотографија од неговата мајка, која држи слика, што самата ја насликала. Тој барал коментари од луѓето да му кажат дали им се допаѓа сликата, бидејќи неговата мајка мислела дека нема да му се допадне на никој.

Како би изгледале книжевните ликови во реалниот живот, доколку описот доаѓа директно од страниците на книгите

Кога читаме некоја книга во нашата глава си замислуваме како ги изгледале ликовите во реалниот живот. Секој читател на свој начин си ги замислува ликовите. Но Брајан Дејвис направи поголем чекор. Тој создал проект наречен The Composites во кој покажал како би изгледале книжевни херои во животот. За да го направи овој проект имал помош од специјална полициска програма, која се користи за креирање на фоторобот.

Уметник трансформира влечки во ремек дела за да го спаси океанот и неговата работа е инспиративна

Френсис Мутуа е уметник од Најроби и има само една цел: да го спаси прекумерно загадениот океан, дел по дел, со помош на својата уметност. Но, во овој проект, тој не е сам. Тој е член на поголемо семејство наречено Ocean Sole, кое има за цел да ја исчисти Земјата и да го трансформира непознатиот проблем со влечките во уметност. Освен што ќе ви се допадне неговата уметност уште поважна е и благородната намера на Френсис, да го направи овој свет подобро место за живеење.

Новиот Пикасо е роден: Бебето научило да црта многу слатки мачиња

Не знае ни да го држи фломастерот, а веќе го покажува својот неверојатен талент.

19 дизајнери кои обичните работи ги трансформирале на толку брилијантни начини што заслужуваат аплауз

Можеби изгледа дека сè во светот е измислено и нема простор за подобрување. Но, дизајнерите сѐ уште можат да нè зачудат со тоа што ќе ги направат обичните работи кои ги познаваме, подобри или покорисни. Благодарение на овие креативни надградби, нашите животи стануваат полесни и поубави. На пример не мора да ја прекривате камерата на вашиот лаптотп со селотејп или доколку батеријата ви се испразни додека се шетате можете да најдете специјална клупа која ќе ви го реши проблемот.

Луѓе од обична хартија изработуваат хипнотизирачки ремек-дела

Традиционалните хартиени уметности како Кирие, што буквално значи „сечење на слика“, се појавиле во Јапонија пред околу 700 години. Денес, постојат многу талентирани современи уметници кои совладаат уметнички дела на најкреативни начини и ги воодушевуваат обожавателите со нивните хартиени дизајни. Ние ги собравме некои од најхипнотизирачките дела од хартија кои се надеваме дека ќе ги задоволат вашите „апетити“.

Современата женска мода во Северна Кореја (18 слики од модно списание)

Ова списание се објавува со поддршка на владата на Северна Кореја. Всушност, токму тоа е облеката што владата препорачува да се носи. Сите облеки презентирани во каталогот се одобрени од „Центарот за истражување на облека“ на Северна Кореја.

Ова се најскапите фотографии во светот кои вредат цели богатства

Што значи вашиот труд да биде оценет дека вреди милиони? Неколку автори чии фотографии имаат вртоглава вредност можат да одговорат на ова прашање. До каде ќе оди човештвото ако продолжи да ги троши парите на такви апсурди додека никој не се грижи за поважните работи, ако тие не изгледаат естетски софистицирани? Никој не може да објасни зошто некој може да даде такви суми за фотографија. Или зошто фотографијата може да чини толку многу. Богатите, сепак, одлучуваат на што ќе ги трошат парите, а авторите на овие фотографии можат да бидат само задоволни со овој факт. Еве ги најскапите фотографии во светот:

Еве што се случувало „зад сцената“ на познатите уметнички дела

Веројатно секој може да се согласи дека класичните познати слики од Леонардо Да Винчи или Пабло Пикасо секогаш ќе бидат меѓу најзначајните уметнички дела во историјата. Впрочем, кој не знае за „Мона Лиза“? Забавен факт: повеќе од 6 милиони луѓе ја посетуваат оваа позната слика во Лувр секоја година! Но, дали некогаш сте размислувале за тоа што се случувало додека овие познати слики биле создавани? Дали им е било лесно на моделите да позираат, стоејќи или седејќи, да не се движат и да чекаат уметникот да си ја заврши работата?

Погледнете како изгледале филмските ѕвезди пред ерата на фотошоп и пластиката

Денес, многумина се жалат дека ѕвездите ги злоупотребуваат достигнувањата на индустријата за убавина и на крајот ја губат својата индивидуалност. Познатите личности од минатото немале такви можности, иако пластична хирургија и корегирањето на фотографиите се појавија дури пред почетокот на Златното доба на Холивуд.

+