Многу сопственици на продавници во Сомалија, која е една од најсиромашните нации во светот, не можат да си дозволат луксуз како светлечки знаци и постери за рекламирање на нивните производи и услуги. Наместо тоа, тие се потпираат на локални уметници за да ги декорираат своите продавници.

Ниската стапка на писменост бара овие рачно насликани знаци да бидат придружени со визуелни претстави на производите што ги продаваат.

Посетете го секој поголем град или село во Сомалија и ќе бидете преплавени од овие уметнички дела – стотици, во живописни, заситени бои кои ги красат ѕидовите на малите продавници, берберници и ресторани. Продавница за храна ќе има секаков вид прехранбени производи и пијалоци, колку што дозволува просторот, насликани на ѕидот.

Стоматолошка ординација во Могадишу е украсена со мурали на анатомски неточни широко отворени усти од сите облици и големини кои прикажуваат сјајни бели заби. Постојат мурали на електронски апарати, резервни делови за возила, козметички производи и услуги за девизи. Исто така голем дел од натписите се напишани неточно, со погрешна граматика и несоодветни зборови за темата.

Рачно насликаните знаци се здобиле со популарност во текот на 1990-тите, кога Сомалија била во граѓанска војна по распадот на воената диктатура во земјата во 1991 година. Уметниците кои не можеле да ги продадат своите слики по пробив на граѓанската војна го понудиле својот талент на локалните бизниси. Еве како изгледаат разнобојните знаци, од кои можете да си составувате интересни приказни за самото место за кое се насликани:

Сподели на Facebook
пати видено