Археолозите открија две гробници кај пирамидите во Гиза кои датираат уште од петтиот династички период – помеѓу 2563 – 2423 п.н.е. Гробниците припаѓаат на двајца мажи кои биле на висока позиција, односно биле свештеници на фараонот Хефрен од Четвртата египетска династија.

Овој фараон е познат по Хефренова пирамида — втора највисока и втора по големина од древните египетски пирамиди во Гиза.

Египетското министерство за антиквитети вели дека еден од мажите во една од гробниците се викал Бехнуи-Ка, кој имал седум титули, вклучувајќи ги и титулите Свештеник и Судија на фараонот.

Другата гробница припаѓала на друг маж по име Нви, кој бил шеф на Големата држава и „прочистувач“ на Хефрен.

Хефрен ја изградил втората од трите познати пирамиди во Гиза, како и Сфингата. „Многу артефакти беа пронајдени во гробниците“, вели министерството, вклучувајќи ги и варовничките статуи на еден од сопствениците на гробот, неговата сопруга и син, статуите на шакали, како и хиероглифите.

Хефрен бил познат како строг и суров владетел. Тој ги затворил многуте храмови во Египет, следејќи го трендот што го започнал неговиот татко Хуфу. Хефреновата пирамида има должина од 215,5 метри и се издига до височина од 136,4 метри.

Пирамидата е направена од камени блокови од варовник, од кој секој тежи повеќе од 2 тони. Оваа пирамида е поставена на темели од 10 м повисоки од Хуфу пирамида, поради што се чини дека е повисока.

Сподели на Facebook
пати видено