Ако ги соберете сите извештаи и сурови податоци и ги претворите во разнобојни карти ќе донзаете многу интересни работи за земјите во светот.

На пример што мислите колку проценти од младите над 18 години сѐ уште живеат со своите родители во Македонија? Одговорот навистина може да ве изненади. Погледнете ги забавните карти видете ги работите од поинаков агол.

Процентот на Европејци на возраст од 18 до 34 години кои живеат со своите родители

Факт е дека во Македонија често луѓето остануваат со своите родители и кога ќе оформат семејство. Затоа нашата држвата толку се истакнува на оваа карта. Дури 70-80% од Македонците живеат со своите родители по својата 18 година. Секако кај Скандинавските земји овој процент е најмал.

Колку заработуваат младите наставници во Европа на годишно ниво

За жал годишната плата на наставник во Македонија изнесува многу помалку од 10.000 евра. Но затоа во Швајцарија и Луксембург, годишната заработка надминува 70 илјади евра, Данска е на 4 место со плата од 50.871 евра годишно.

Грамови злато по глава на жител во резервите на националните банки

Извештај заснован на студија од 2017 година. За споредба, во САД е 25,5 гр на човек, во Јапонија – само 6 гр, а во Индија – 0,4 гр. Додека во Македонија е исто така помалку од 4 гр по глава на жител.

Највисока температура забележана во различни земји од Европа

Во Европа, рекордната температура била регистрирана во Атина во 1977 година кога достигнала до 48 ° C На горната карта – податоците кои се релевантни за 2018 година. Тука Македонија е ставена во групата на 41° C до 45 ° C.

Земји во кои има помалку од 12 милиони луѓе

Во оваа група секако дека влегуваме ние, но и сите наши соседи. На картата може да се види дека целиот Балкан се состои од мали држави.

Во која година на родителите им било забрането да ги тепаат децата по задникот и да користат друго физичко казнување

Повторно може да се види дека на Балканот оваа мерка пристигнала подоцна, пред неколку години, но и дека во голем број на држави воопшто не е регулирана со закон и се осудува само од страна на општетсвото. Во Русија, Италија, Франција, Велика Британија, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Чешка, Словачка, Белгија, па дури и Швајцарија, ваквите методи не подлежат на законска регулатива.

Просечен животен век на луѓето

Во европските земји, апсолутни шампиони живеат во Андора (очекуваниот животен век е 84,2 години). Најкраток животен век според истражувањата имаат Украинците (само 68 години). Додека за Македонија според истражувањето е заклучено дека животниот век е помеѓу 73-75 години.

Карта на ширењето на бубонската чума во Европа

Од картата може да се види дека Македонија е една од првите земји кои настрадале од „Црната смрт“, бубонската чума, која почнала да се шири кај нас во средината на 1348 година. Познато е дека до 1352 повеќе од 25 милиони луѓе станале жртви на болеста.

Процентот на девојки и млади жени на возраст од 10 до 19 години кои имаат прекумерна телесна тежина

Конечно можеме да се пофалиме со нешто. Најголем дел од витките девојчиња живеат во Македонија, Молдавија, Русија, Литванија, Босна и Херцеговина. А девојки со прекумерна телесна тежина има најмногу во Андора, Велика Британија, Италија, Грција, Кипар и Малта.

Процентот на луѓе кои се чувствуваат сакани

Во 2006-2007, американскиот Институт за јавно мислење ги испитуваше луѓето од 136 земји за да дознаат колку љубовта игра улога во нивниот живот. Убаво е да се види што 76% до 85% од Македонците се чувствуваат сакани. Нема доволно љубов кај луѓето од Монголија, Казахстан, Мароко, Узбекистан, Киргистан, Русија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Мјанмар, Чад, Јемен и Етиопија.

Сподели на Facebook
пати видено