5 предизвикувачки загатки за оние со остар вид и ум

Некои пирати верувале дека обетките имале позитивен ефект врз видот. Но, дали ова ќе ви помогне во решавањето на нашите визуелни загатки? Не знаеме точно и, се разбира, не ве повикуваме да ја тестирате оваа теорија. Ние само укажуваме на тоа дека ќе треба да се концентрирате и да се обидете да го дадете максималниот број на точни одговори. Среќно!

Тест: Изберете една од вратите и ние ќе ви кажеме што се крие во вашата потсвест.

Дали некогаш сте размислувале зошто одредени бои се поврзани со специфични чувства и емоции? На пример како се појавиле изразите „позелене од злоба“, „поцрне од тага“ или „поцрвене од лутина“? Многу години научниците барале врска помеѓу перцепцијата на бојата на една личност и нејзината ментална состојба. И во тоа време имало интересни теории за оваа тема.

Необична загатка која на прв поглед изгледа нерешлива и на тест ја става вашата упорност

Штом успеало да влезе, мора да има начин и да излезе. Да погледнеме како се решава.

ТЕСТ: Можете ли да погодите за која земја станува збор само од неколку емотикони?

Секоја земја е препознатлива по одредени нешта и дури мала асоцијација може точно да не потсети на одредена држава. Денес ви предлагаме да ги изострите вашите умови и да се обидете да погодите за која земја станува збор според прикажаните емотикони кои ги прикажуваат клучните работи за нив. Ние веруваме дека сте експерти и на оваа тема. За да го дознаете точниот одговор свртете ја картичката.

Роршахов тест кој ќе ви раскаже што се случува моментално во вашите глави

Швајцарскиот психијатар Херман Роршах разви тест за проучување на човечката психа, врз основа на дамки од мастило. Методот е интересен, бидејќи сликите ја поттикнуваат имагинацијата на слободни претпоставки, споредливи со содржината на соништата. Врз основа на предметите кои се појавуваат во главата на субјектот, може да се каже многу за неговата личност. Има многу варијанти во толкувањето на тестот, а ние го поедноставивме, така што ќе може да се реши за неколку минути.

ТЕСТ: Овие предмети се претходници на современите направи кои ги користиме денес! Ќе погодите ли за што се употребувале?

Времето на Титовите пиеонери одамна си замина, а денес имаме нови генерации кои не се сеќаваат на обичаие и начинот на живот од тоа време. Иако можеби нашите баби и дедовци сѐ уште чуваат некои од овие предмети на таванот или во подрумот, дали вие ќе можете да погодите за што служеле и кои се нивните современи замени, овие направи стари околу 30-40 години. Само свртете ја картичката за да го дознаете точниот одговор.

Тестот на Ана Ахматова, кој помага брзо да утврдите каков тип на човек стои пред вас

Како што дознаваме што преферираат луѓето така откриваме и повеќе за нивната личност. Познатата руска поетеса Ана Ахматова им нудела на нејзините пријатели да одговорат на неколку прашања, а потоа составувала психолошки профил за нив. Аматова имала тенденција да го дели животот на црн и на бел, така што нејзиниот профил изгледа малку едностран. Сепак, во него дефинитвно е присутно големо количество на рационализам.

10 загатки со кои ќе го проверите нивото на вашата способност за набљудување

Научниците веруваат дека решавањето на загатки и тестови го подмладува мозокот и го подобрува неговото функционирање. Обидете се да ги пронајдете вистинските нешта на овие 10 слики и тестирајте го вашиот мозок за тоа колку добро обрнува внимание и на најситните детаљи. Има по една работа која се разликува на овие слики, пронајдете ја!

Ве предизвикуваме да се обидете да ја решите задачата, која учениците од Кина ја решаваат за неколку секунди

Научниците велат дека човечкиот мозок е многу склон кон мрзеливост. Ова предизвикува неволно прифаќање и асимилација на нови информации, особено ако некое лице веќе има преземено „корени“ други идеи и стереотипи за одредено прашање. Затоа, со цел да се зачува флексибилноста и јасноста на размислувањето, многу е важно постојано да го вежбаме мозокот. Затоа добро размислете и обидете се да ја решите оваа задача.

ТЕСТ: Можете ли да ја разликувате брендираната облека од „обичната“?

Модата постојано се менува и чудно е што понекогаш и најневеројатните работи стануваат модерни. На пример чизмите кои денес ги носат работниците можат утре да се најдат на модната недела во Париз или пак чантата на вашата баба сега се продава за 2.000 евра. Кога се случуваат вакви работи тешко е да се прави разлика дали станува збор за луксузна брендирана облека или пак за облека од пазар или интернет.

Колку цифри гледате на сликата?

Можете ли да ја решите новата навидум едноставна загатка, која го разбранува интернетот?

6 комплицирани загатки кои ќе ви помогнат да го разбистрите и изострите умот

Решавањето на загатките помага во подобрувањето на нашите когнитивни процеси, ги зајакнува врските помеѓу мозочните клетки и ја подобрува меморијата. И тие се исто така многу забавни! Значи, со решавање на загатките, вие во основа убивате 2 муви со еден потег. Искористете ја вашата логика и способноста за набљудување за да ги решите овие 6 загатки, почнувајќи од најлесната. Решенијата се на втората страна.

8 загатки на кои децата одговараат со леснотија, но возрасните се измачуваат

Се сеќавате на познатата загатка, каде што беше неопходно да се утврди во која насока се движи автобусот? Децата ја решија буквално за неколку секунди, додека возрасните претеруваа со долги аргументи и најчесто даваа погрешен одговор. Ако сѐ уште сте еден од оние ретки луѓе кои успеале да ја одговорат исто толку брзо како дете, обидете се повторно да се преиспитате и да ги дадете точните одговори на загатките за деца.

Дали ќе можете да го поминете тестот со помош на кој ги бираат астронаутите во НАСА?

Во 1958 година, НАСА почна да ги избира првите астронаути за големата вселенска програма. Секој кандидат морал да помине низа тестови за да ги тестира своите способности. На пример, решавање на математички задачи со екстремен шум, да седат со часови во комора изолирана од светлина и звук и да се доживеа екстремни температурни промени. Меѓу ваквите психолошки тестови имало и специјален тест за интелегенција. ОВој тест се состои од неколку дела, обидете се да ги решите.

Современ Роршахов тест: Што прво ќе забележите на сликите?

Според Херман Роршах, креаторот на познатиот тест со мастило, работите што лицето ги гледа на сликата се одредени од нивниот карактер и личност. Абстрактните слики можат да ги истакнат нештата што се случуваат во умовите на луѓето, како и откриваат некои скриени карактеристики на нивната личност. Ќе дознаете нешто ново и интересно за себе со нашиот тест. Сè што треба да направите е да ги погледнете сликите и да кажете што забележавте најпрвин? Одговорите се на втората страна.

4 загатки кои ќе ги развијат вашите детективски вештини

Ако чувствувате дека на вашиот мозок му е потребно малку подесување загатките се веројатно најдобриот начин да го задржите функционирањето до совршенство. Доколку не го користите мозокот за решавање на одредени проблематики, тогаш тој почнува да работи поспоро и станува послаб. Можеби загатките на прв поглед ќе ви изгледаат тешки, но потоа ќе сфатите дека одговорите се прилично логични. Решенијата се на втората страна.

Првото нешто што ќе го видите на сликите ќе ви ги каже вашите најважни карактеристики

Студиите докажуваат: сите луѓе го толкуваат она што го гледаат на различни начини. Перцепцијата зависи од индивидуата. Нашите очи се исти, но мозокот ги разгледува само оние детали што се најзначајни за нас. Некои едноставни тестови ни помагаат да разбереме што е најважно за нас.

Едноставен тест, кој само во неколку потези ќе ви раскаже повеќе работи за вашата психа

Кој не сака да дознае нешто повеќе за себе? За да го направите ова не е потребно веднаш да одите на психијатар, потребни се: неколку минути од слободното време, пенкало и парче хартија. Ние откривме краток тест кој ќе ви открие интересни работи за вас самите. Не ни верувате? Проверете сами!

Кучето кое ќе го изберете ќе ви раскаже многу нешта за вашиот карактер

Кучињата толку долго живеат заедно со нас, луѓето, што сега лесно можеме да ги поврзиме расите на кучињата со нашите карактерни особини. Ние ги сакаме и им ја доверуваме нашата безбедност, а за возврат, тие нè опсипуваат со несебична љубов. Всушност оваа тесна врска која кучињата и луѓето ја споделуваат, предизвикува кучињата најдобро да ја одразува нашата личност. Изберете го кучето што ви се допаѓа и дознајте повеќе за себе.

Начинот на кој го држите вашиот паметен телефон може да раскаже многу за вашата личност

Статистичките податоци предвидуваат дека ќе има речиси 3 милијарди корисници на паметни телефони до 2020 година. Не само што овој факт е интересен од аспект на технолошкиот напредок, туку и од психолошката страна на нештата. Ова е затоа што начинот на кој се справуваме, работиме и ги движиме нашите паметни телефони може да открие многу особини кои никогаш не сме ги очекувале.

Работите кои први ќе ги забележите ќе ви откријат што навистина е важно за вас во љубовта

Нашиот потсвесен ум има големо влијание врз тоа како се однесуваме, што правиме, и како ги гледаме работите околу нас. Нашата потсвест го зачувува сето она што сме го виделе, почувствувале и сретнале. Овие слики се составени од неколку различни елементи и оние кои ќе ги забележите најпрвин го претставуваат начинот на кој вие ја сфаќате љубовта. Некои психолози велат дека оваа техника е корисна, бидејќи ви помага да го истражите вашиот ум.

4 Шерлок Холмс загатки кои ќе ја стават на тест вашата интелигенција

Само 1/3 од убиствата што се случуваат во САД се решени, а најновите податоци покажуваат дека се помалку убиства се решаваат и во Англија. Изгледа дека на светот му треба мајстор за набљудување, логично размислување и интуиција: Шерлок Холмс 2.0. Можете ли вие да бидете тој? Обидете се да ги решите мистериозните загатки, а одгвоорите дознајте ги на втората страна.

6 математички загатки кои ќе ви го разбистрат умот

Доколку сте љубители на мозгалки, тогаш овие загатки се идеални за вас. Ние креиравме математички загатки кои на прв поглед изгледаат комплицирано, но всушност имаат прилично логично решение. Вие не треба да бидете експерт по математика за да го најдете решението, само треба да имате остар вид! За да го дознаете точното решение сѐ што треба да направите е да ја свртите картичката од другата страна. Среќно!

6 лукави загатки кои ќе се поиграат со вашиот ум

Загатките не се само забавни за решавање туку се одличен начин за загревање и тестирање на агилноста на мозокот. Ние не ги сакаме загатките само поради напливот на допамин како награда за изнаоѓање на решение. Самата помисла да решиме загатка го става мозокот во отворена, разиграна состојба која сама по себе е пријатно бегство од реалноста. Решенијата се на втората страна.

Кажете ни кого најпрвин го забележавте на сликата и дознајте какви промени ве чекаат во Новата Година

Денес, постојат многу асоцијативни и проективни тестови со цел да се дијагностицира карактерот. Сепак, овој тест не се однесува на нив. Неговата главна задача е да ви подари насмевка на лицето. Ликовите со сигурност ви е познати, а особено се популарни за новогодишните празници.

Која личност има лажна насмевка? Вашиот избор може да открие важна особина за вас

Постојат 19 типови на насмевки кои спаѓаат во две категории: љубезни насмевки за општеството, кои бараат помалку мускули на лицето и вистински насмевки, кои вклучуваат повеќе мускули на целото лице, според истражувачите од Државниот универзитет во Сан Франциско. Понекогаш може да биде прилично тешко да се каже која насмевка е лажна, а која е вистинска. Во овој тест, ние ви нудиме шанса да ја забележите лажната насмевка. Вашиот избор ќе ви каже нешто важно за вас.

ТЕСТ: Ќе успеете ли да преживеете во смртоносна ситуација?

Ајде да замислиме дека сте се изгибиле во пустината, или дека сте налетале на ајкула додека сте пливале, па можеби и ве нападнал лут бик. Ситуациите се речиси нереални, но ако се случи нешто вакво, што би направиле? Можете ли да го направите правилниот избор и да преживеете во 8 такви ситуации?

10 фотографии со по некое изненадување, кои го тестираат нашето внимание

Селективното внимание ни помага да се фокусираме на најважните работи и да ги игнорираме сите одвлекувачки, мали фактори. Затоа, нашиот секојдневен живот често се претвора во рутина. Но, постојат луѓе кои, дури и во повеќето познати работи, можат да видат нешто невообичаено, смешно или страшно. И кога тие ќе го фотографираат тоа излегува одличен тест на нашето чувство за набљудување.

Психолог составил тест од 3 прашања кои ќе ви помогнат да го одредите нивото на интелигенција за една минута

Психологот Шејн Фредерик го создаде најкраткиот тест за проценка на интелигенцијата. Во него има само 3 прашања, на кои што треба да одговорите што е можно побрзо. Тој е специјализиран за студии кои се поврзани со тоа како луѓето донесуваат одлуки и избори, па дури и работел со нобеловецот Даниел Канеман. Обидете се и вие да одговорите на прашањата и да го решите тестот, а точните одговори ќе ги најдете на втората страна.

Дедо Мраз си ја загубил капата, можете ли да му помогнете да ја најде?

Човекот мора да тргне да носи подароци, а капата никаде ја нема. Вие сте на потег :).

+