Само 1/3 од убиствата што се случуваат во САД се решени, а најновите податоци покажуваат дека се помалку убиства се решаваат и во Англија. Изгледа дека на светот му треба мајстор за набљудување, логично размислување и интуиција: Шерлок Холмс 2.0.

Можете ли вие да бидете тој? Обидете се да ги решите мистериозните загатки, а одгвоорите дознајте ги на втората страна.

1. Лоши намери

Една жена ја поканила својата пријателка на вечера. Таа направила оброк од пире од компири и печено говедско месо. За десерт, таа пресекла јаболка на половини и ѝ понудила на нејзината пријателка една половина со малку шлаг од страната, а остатокот од шлагот го ставила во посебна чинија. Таа потоа го изела својот дел од јаболкото.

Пријателката починала од труење, но домаќинката преживеала иако јадела од истото јаболко. Како е тоа можно?

Кој лаже?

Еден човек по име Иван отишол да пешачи со својот пријател Кристијан во недела откако го известил неговиот брат Денис. Следната сабота полицијата го открила Иван мртов во шумата. Денис рекол дека бил на работа цела недела. Кристијан бил пронајде како талка околу автопатот. Тој рекол дека се изгубил во шумата веднаш по пристигнувањето и само што го пронашол својот пат до дома.

Погледнете ја сликата и погодете кој лаже!

3. Размислете надвор од кутијата

Еден човек бил пронајден мртов во снегот. Единствениот доказ што останал биле стапалки помеѓу 2 паралелни линии. Кого треба да бара полицијата?

4. Сѐ се расветлува на крај

 

Еден човек по име Еван ја повикал полицијата велејќи дека го нашол својот пријател Лиам убиен на брегот на морето. Тој рекол дека за време на летото во Калифорнија, Лиам му ја позајмил куќата на плажа и дека тој само што пристигнал од еден месец работа во студената Аргентина за да му се придружи и го пронашол мртов. Кога пристигнала полицијата, веднаш сфатила дека лажел. Погледнете ја сликата и погодете зошто.

Одговорите се на втората страна…

Сподели на Facebook
пати видено