Ајде да замислиме дека сте се изгибиле во пустината, или дека сте налетале на ајкула додека сте пливале, па можеби и ве нападнал лут бик.

Ситуациите се речиси нереални, но ако се случи нешто вакво, што би направиле? Можете ли да го направите правилниот избор и да преживеете во 8 такви ситуации? Точните одговори проверете ги на втората страна.

1. Доколку се изгубите во пустина

Што треба да направите?

  1. Да се движите преку ден
  2. Да се движите ноќе
  3. Да се закопате во песокот

2. Ако сте под урнатини

Што треба да направите?

  1. Да се смирите и да врзете крпа на главата
  2. Да запалите оган
  3. Да се движите брзо

3. Доколку кон вас плива ајкула

Што треба да направите?

  1. Да се свртите и да пливате што е можно побрзо
  2. Да се борите со неа
  3. Доколку ве зграпчи да ја удрите по очите и жабрите

4. Ако ве брка лут бик

Што треба да направите?

  1. Да бегате од него
  2. Да легнете на грб, бидејќи така ќе ве поштеди
  3. Да стоите мирно и кога ќе се доближи да ја фрлите капата во друг правец

5. Ако кон вас се движи торнадо

Што треба да направите?

  1. Да се качите на рид
  2. Да легнете во дупка или ров
  3. Да трчате што е можно побрзо

6. Доколку ве нападне рој пчели

Што треба да направите?

  1. Да се скриете во некоја пештера
  2. Да нурнете под вода
  3. Да ги нападнете со чад

7. Доколку лифтот почне да паѓа

Што треба да направите?

  1. Да скокнете во моментот кога ќе удри на земјата
  2. Да легнете на грб на подот на лифтот
  3. Да се прилепите за ѕидот

8. Доколку паднете низ мразот

Што треба да направите?

  1. Да излезете од истата страна од каде што сте дошле и да се тркалате
  2. Да се обидете се да го скршите мразот и да дојдете до брегот
  3. Да ја соблечете облеката

Одговорите се на втората страна.

Сподели на Facebook
пати видено