„Apple“ дава награда од 1 милион долари за оној кој ќе успее да хакира iPhone

Не, ова не значи дека може да станете милионер ако го вклучите вашиот телефон без да ја внесете лозинката. Целокупната сума од милион долари ќе му припадне на лицето кое ќе го хакира јадрото на системот iOS – со нула кликања од сопственикот на iPhone.

Што се случува со вашето тело ако спиете 8 часа секој ден

Студијата покажува дека спиењето 8 часа редовно не е навистина луксуз, туку повеќе суштински дел од здравата рутина. Немањето на часови за квалитетен сон може сериозно да влијае на вашето ментално, емоционално и физичко здравје.

Изградениот саркофаг во Чернобил има „многу големи шанси“ да се сруши

Огромната бетонска и челична конструкција беше набрзина поставена веднаш по катастрофата во Чернобил. Го опфаќа најопасниот простор на нуклеарниот реактор, дизајниран да го заштити од изложеност на клима и да ја ограничи радиоактивната контаминација на околината.

Кога созреваат мажите? Научниците конечно ги добија одговорите и за жал вестите не се добри

Многумина од нас слушнале дека луѓето велат дека мажите, дури и во зрелоста, продолжуваат да се однесуваат како деца. Некои, исто така, веруваат дека кога станува збор за љубовните врски жените се оние кои носат зрелост и сериозност во врската.

Тинејџер освои награда за наука од Гугл затоа што открил начин како да ги отстрани и најмалите честички пластика од водата

Еден тинејџер од Ирска доби награда од 50.000 американски долари од Гугл, откако тој демонстрираше метод за отстранување на микропластика од вода. Google Science Fair е основан во 2011 година и им дава можност на младите на возраст од 13 до 18 години да достават свои експерименти и резултати до комисија до судии, при што победникот ќе однесе 50.000 американски долари.

Научниците креираа контактни леќи на кои зумот на камерите може да им подзавиди

Не, вие не влеговте случајно во временска машина, сѐ уште сме во 2019 година, каде што освен што владее тотален хаос се случуваат и неверојатни технолошики напредоци. Секако наместо да се осврнуваме на лошото, треба да знаете дека научници од Калифорнија созадоа импресивни роботски контактни леќи.

7 олеснувачки вести за сите оние кои се плашат од „модерната болест“, ракот

Веројатно не е огромно претерување да се каже дека ракот ги плаши луѓето повеќе од другите болести. Луѓето мислат дека онколошката болест е смртна казна и медиумите ги влошуваат работите со тоа што постојано зборуваат за ракот. Денес, многу луѓе страдаат од страв од рак и често се „дијагностицираат“ веднаш штом ќе почувствуваат дека не им е добро.

15 обични производи кои секојдневно манипулираат со нашето расположение

Од каде доаѓа ненадејна главоболка? Зошто понекогаш не можеме да спиеме? Која е причината за вознемиреност и тага? Многу луѓе го обвинуваат за сето ова променливото време, заморот по напорната работна недела или нешто друго. Но, воопшто не мислиме дека вообичаената храна може да влијае на нашата самоперцепција и здравје.

Астрономите открија супермасивна црна дупка која се врти речиси во брзината на светлината

Светот е „луд“ и има многу работи кои допрва треба да бидат откриени. Едно од овие откритија е и супермасивната црна дупка која се врти речиси со брзината на светлината.

Роботот-хирург на Илон Маск веќе од наредната година ќе почне да става електроди во човечките мозоци

Не, сѐ уште не сме влегле во паралелен универзум, сѐ уште сме на истото место како и порано, но со нас е и таинствениот стартап на Илон Маск наречен „Neuralink“.

Овие острови помеѓу Австралија и Хаваи имаат 1000 пати поголемо зрачење од Чернобил и Фукушима

Една група на острови на половина пат помеѓу Австралија и Хаваи содржат содржат смртоносни нивоа на зрачење, 1000 пати повисоки од токсичните места на погодените нуклеарни централи во Чернобил и Фукушима.

Холандија го „спасува светот“ со своите еколошки автобуски постојки и идејата е толку едноставна што можат да ја применат сите

Според статистичките податоци, 358 видови на пчели живеат во Холандија. За жал, повеќе од половина од нив се веќе загрозени и ставени на холандската Црвена листа.

Кинеските научници ги поделија сите професии во 4 типа и дознаа кој ја има најтешка работа во светот

Сите знаеме дека работата понекогаш е исцрпувачка и понекогаш може само да сонуваме за викенд или за долг одмор. Лекарите велат дека постојат такви професии кои, покрај стресот, доведуваат до болести: срцев удар и мозочен удар. Сепак, некои работници се поподложни на овие болести отколку другите. Зошто? Излезе дека сето тоа зависи од тоа што работите.

Дел од водите околу Норвешка се 800.000 пати порадиоактивни од нормалното, а за тоа се виновни Русите (не, нема врска со Чернобил)

Научниците открија голема радијација 800.000 пати повеќе од нормалната стапка во дел од Норвешкото море. За ова вината паѓа на Русите, иако и самите не сакале тоа да се случи.

11 чудни трикови за спиење со кои и науката се согласува

Околу 60 милиони луѓе страдаат од несоница. Од година во година спиеме помалку и постепено сме под се повеќе и повеќе стрес. И ова е нешто за што треба да се загрижиме. Ние би сакале сите да имаат мирен и удобен сон и се надеваме дека овие научно докажани трикови ќе ви помогнат во тоа.

Ќе биде потребна нуклеарка за да се уништат овие неуништливи футуристички патики

Кога станува збор за чевли, повеќето од нас би сакале да носат патики цело време. Тие се лесни и удобни. Единствениот проблем е што патиките не се многу издржливи, ниту пак нудат голема заштита за нозете.

Нова направа може да го детектира ракот за само неколку минути и тоа само преку здивот

Сите знаеме дека технологијата е клучна за да се спасат животи, особено кога станува збор за најопасната и најраспространетата болест, ракот. Станува збор за „електронски нос“ кој ќе може да ги открие хемикалиите произведени од ракот.

WiFi уредите влијаат на плодноста кај мажите

Ако се обидувате да имате деца некое време и немате многу успех, одговорот може да биде во вашиот џеб. Буквално.

Медицината оди напред: Сега можете да си купите апчиња со кои вашите издувни гасови ќе мирисаат на рози или чоколадо

Ја знаете онаа ситуација кога некој „ќе го испушти гулабот“ и ако се пожалите на смрдеата ќе ви возврати со: „Што, твоето на рози да не мириса?!“ Епа сега на оваа прашање ќе можете да одговорите со „ДА!“

Годишното време во кое сме родени влијае на нашето здравје и карактер според најновите тврдења на научниците

Досега луѓето веруваа дека само хороскопот може да им го определи карактерот и иднината што ги очекува, но научниците имаат своја верзија на толкување. Тие открија дека датумот на раѓање, поточно годишното време во кое сте родени, може многу да каже повеќе работи за вашето здравје и карактер.

Роберт Дауни Jуниор е на мисија да ја исчисти Земјата за 10 години и докажува дека е вистински „Ајронмен“

Можеби мислите дека само суперхерој на Марвел би можел да ја спаси нашата планета од еколошка криза, но овој пат, актерот Роберт Дауни Јуниор, алтер егото на Ајронмен, дојде да не спаси со план за кој верува дека ќе ја исчисти Земјата за една деценија. И најдобриот дел: тој планира да користи алатка направена директно од научно-фантастичните филмови.

Човекот може да ги победи животните само во една дисциплина, а еве и во која

Кога станува збор за подвизи на брзина и сила, Хомо сапиенс е прилично беден вид. Листата на животни што можат да ни парираат е срамна. Се разбира, тука е и гепарот, но исто така и коњите, ноевите, гризли мечките, кенгурите, дивите свињи, па дури и некои мачки.

Еве како би изгледала модерна „Ноева Арка“ која би можела да ги зачува човечките знаења и уметност за идните генерации

Ное изградил арка за животните на Земјата за да избега од поплавата. Денес ние ги чуваме нашите семиња во сефот Свалбард во случај на глобална катастрофа. Што ако оваа идеја е проширена за да ги покрие сите највредни уметности, пронајдоци и идеи на човештвото, како и примероци од нашиот природен свет? Го чуваме знаењето за човештвото во библиотеките. Ние ја чуваме нашата уметност во музеи и галерии и ги снимаме и репродуцираме нашите животи дигитално. Ако наследство е нешто вредно за да се пренесе, треба да бидеме подобро ангажирани на оваа тема.

Компанија пушти во продажба еколошка долна облека која не треба да се пере со недели

Перењето алишта не е најзабавената домашна работа, особено со оглед на фактот дека валканата долна облека се натрупува додека да трепнеме. Копенхагенскиот бренд, наречен Органски основи, излезе со решение за тоа – НАСА-инспириран, високотехнолошки, еколошко-пријателски пар долна облека кој очигледнос според нив „не треба да се пере со недели“.

Истражувачи се преправале дека изгубиле 17.000 паричници низ целиот свет за да видат колку од нив ќе бидат вратени

Колку често сте се нашле во ситуација каде што целосно сте зависеле од љубезноста на другите луѓе? Автомобилот ви се расипал на патот? Сте се изгубиле во непознат град? Некој треба да ви позајми телефон за да се јавите? Ова се само неколку примери на ситуации каде што нема да можете да го решите проблемот доколку некој не ви помогне.

8 предмети од домаќинството поради кои вашата интернет конекција е слаба

Кренете рака ако никогаш не сте го доживеале стресот на лоша интернет конекција. Понекогаш, проблемот потекнува од поставките на рутерот или лошата услуга што ја нуди наемната компанија. Но, поголемиот дел од времето, лоша WiFi врска се појавува поради специфични предмети или мебел што ги имаме дома, кои се премногу блиску до рутерот или нашите компјутери.

Студентки креираа бактерија која може да ја трансформира пластиката во CO2 и вода

Две студентки открија метод за трансформација на пластика во други корисни хемикалии, соединенија и вода. 21-годишната Жани Јао и 22-годишната Миранда Ванг со години го развивале својот проект и велат дека имаат решение да ги претворат пластичните отпадоци во корисни компоненти за текстилната индустрија.

„Како во машина за перење алишта“: Вселенската капсула „Сојуз“ слета во Казахстан со тројца астронаути по повеќе од 200 дена на Меѓународната вселенска станица

Тројца астронаути безбедно се вратија на Земјата откако поминаа повеќе од 200 дена на Меѓународната вселенска станица. Капсулата Сојуз МС-11 со астронаути од Канада, Русија и САД падна во степите на Казахстан во 8.47 часот по локално време, што е помалку од една минута пред закажаното време, по 3,5 часа лет од орбиталната лабораторија.

Поголема е шансата да ве удри комета отколку да добиете на лото и уште 14 интересни факти кои ќе ви ги отворат очите кон светот

Има толку многу работи кои треба да ги знаеме за светот, а понекогаш дознаваме интересни факти кои не само што можат да ни помогнат туку и не зачудуваат. Ако сте љубопитна мачка тогаш добро ќе се почестите со овие необични факти за кои веројатно никогаш не сте биле свесни.

Што кажува начинот на спиење за вас? Експерт за говор на тело открива како положбата во креветот ги држи тајните на вашата личност

Повеќето психолози се согласуваат дека нашиот несвесен говор на телото открива многу за нашата состојба на умот, па дури и за нашите односи. Но, што можеме да научиме од положбите во кои спиеме? Дали сте „војник“ кој спие на грб? Или пак „небесен нуркач“? Или пак нешто друго. Анабел Најт е експерт за говор на телото и таа ги толкуваше положбите на спиење и нивното значење. Во која се пронајдовте вие?

+