Индиски хирург стана првиот во светот кој извршил операција на срцето преку робот што го контролирал од оддалечена локација. Д-р Тејас Пател, кардиолог во Ахмедабад, ја спроведе истата деликатна процедура на пет различни пациенти во текот на неколку дена.

Се верува дека тој ги извршувал операциите додека бил во храм, контролирајќи го роботот во неговата болница оддалечен 32 километри.

Резултатите од неговите операции, сите успешни, беа објавени во списанието на престижниот медицински журнал „Лансет“. Сепак ова не е првата хируршка интервенција извршена со помош на робот од растојание. Кинески лекар спроведе операција на мозок претходно оваа година преку мобилна мрежа 5G.

Сите пациенти врз кои била извршена постапката биле на возраст меѓу 52 и 84 години. Пациентите биле на Институтот за срце Апекс, каде двајца кардиолози биле на стенд-бај доколку нешто тргнело наопаку, додека Д-р Тејас Пател бил на 32 километри од нив и се спремал за операцијата.

Процедурата вклучувала спроведување на ангиопластика со стент, која се остава во функција трајно за да се подобри протокот на крв. Резултатите покажаа дека ниту една операција не траела подолго од половина час и дека сите биле успешни.

Нема регистрирани компликации или несакани дејства. Имало одложување од 53 секунди помеѓу постапките на д-р Пател и роботот – но се вели дека тоа не е проблем. Лекарите велат дека вршењето на перкутана коронарна интервенција од оддалечени локации е можно ако има добра мрежна поврзаност.

Сподели на Facebook
пати видено