Сите ние ги цените моментите со нашите миленици. Мора да признаеме дека понекогаш се однесуваме со нив како со деца и не пропуштаме да го фотографираме секој неодолив момент (според нас) и да ги „давиме“ роднините и пријателите со фотографии од нашите крзнени пријатели.

Секако иако голем број на кучиња сами се местат за селфи, мачките се малку потврдоглави суштества и ретко кој може да ги убеди да направат симпатична „случајна“ фотографија.

За мачките да не бидат слатки само кога тие ќе посакаат Кортни Вуд кој живее во Хонгконг измисли нова направа која е далеку од обична, но сега за сега е најефиксната направа за совршено селфи со вашата мачка.

Направата за селфи со вашата мачка е креирана на многу едноставен но генијален принцип. За наредниот пат мачката да не ви го сврти задникот кога ќе сакате да се фотографирате, направата има мало ѕвонче кое веднаш го привлекува вниманието на мачката и ова води до совршено селфи.

Сподели на Facebook
пати видено