Во летото 2019 година, тимот за пребарување „Лиса Алерт“ (организација слична на Амбер Алерт) направи уште еден социјален експеримент во Саратов, Русија: непознати се обидоа да направат деца на возраст меѓу 3-12 години да го напуштат игралиштето со нив (се разбира, тие побараа дозвола на нивните родители најпрвин).

Од 17 учесници во експериментот, 15 деца ѝ поверувале на непознатата личност, а само две 6-годишни деца целосно одбиле да го напуштат игралиштето.

Како децата ги крадат од големите игралишта

Една од најстрашните работи забележани за време на целиот експеримент бил фактот дека возрасните луѓе на игралиштето воопшто не реагирале и биле целосно рамнодушни. Според волонтерите на „Лиза Алерт“, тие ги „украле“ децата од игралишта каде што имало многу луѓе наоколу, а ниту еден возрасен што забележал дека нешто се случува не се обидел да открие што се случува.

„Киднаперите“ користеле фрази што се многу популарни и треба да го предупредат секој што ќе ги слушне:

  • „Да ти купам бонбони?“
  • „Ајде да ги нахраниме гулабите?“
  • „Има верверички кои трчаат наоколу. Ајде да ги видиме? “
  • „Татко ти ме замоли да те носам кај него. Да одиме!”

Некои од најефикасните методи се барања за помош на некои мали мачиња или кутриња. Некои криминалци често се преправаат дека се полицајци, лекари или пожарникари.

Мотивацијата на киднаперот може да биде различна: обично, тие сакаат да им наштетат на децата или да ги украдат, за да ги задржат долго време. Оваа приказна може да заврши лошо и во двата случаи, меѓутоа, има неколку приказни кога дури и по 10 години држени во заробеништво, овие деца пораснале, избегале од киднаперите и се вратиле дома.

Една од најретките причини е крадењето за посвојување. Новите родители обично немаат идеја од каде потекнува бебето. Во овој бизнис, постои дури и посебна насока – киднапирање пред раѓањето. Луѓето крадат ембриони што се чуваат во специјални центри. Според законот, оваа кражба е еднаква на кражба на живо дете.

Дури и постарите деца заминуваат со непознати

Шансите дека детето ќе замине со непознат драматично се зголемуваат ако улогата на киднаперот ја игра жена или тинејџерка. Покрај тоа, секој човек интуитивно ги замислува криминалците како мажи од хорор филм: тие се високи, лути и непријателски расположени. Сепак, треба да им објасниме на нашите деца дека дури и стара дама или млада девојка може да биде лоша личност.

Кога децата од експериментот ги прашале зошто заминале со непознатата личност, најголемиот дел од нив дале одговори од типот:

  • „Жената ми рече да ја следам.“
  • „Знаев дека е експеримент!“
  • „Мислев дека мајка ми ме чека таму“.

Оваа состојба се чини дека е уште по вознемирувачка ако се земе предвид фактот дека субјектите на експериментот всушност знаеле кои се можните последици од заминување со непознат. Сите биле поучувани многу пати, но, очигледно, овие упатства биле бескорисни.

На децата им треба објаснување зошто непознатите се опасни. Бидејќи касиерките во продавниците, соседите и другите мајки на игралиштата се исто така непознати. Значи, правилото „никогаш не зборувај со непознати“ е невозможно да се следи.

Што го спречува детето едноставно да избега?

Друга информација која исто така е загрижувачка е фактот дека децата не изреагирале во моментот кога сфатиле дека се измамени, како на пример кога виделе дека таму нема верверички. И кога нивните родители ги прашале зошто не реагирале децата одговарале нејасно и велеле дека се срамеле да врескаат или да побараат помош.

Упатството: „Врескај ако си во опасност“ не им значи ништо на децата. Тие имаат милион прашања: Што да врескам? Колку гласно? Што ако никој не ме слушне? Или ако ме слушнат, но никој не ми помогне? Едно од можните решенија е вежбање гласни извици („Помогнете ми не го познавам овој човек! Тргни се од мене!“) Поентата на оваа практика е да се ослободиме од срамот.

Неколку препораки од американски експерти за потрагата по исчезнати деца

  • Не ставајте ознака со име на облеката на вашето дете. Децата повеќе им веруваат на луѓето кои им се обраќаат по име.
  • Ако детето се изгуби во огромен трговски центар, тие треба да одат кај кој било вработен во трговскиот центар. Тие не треба да одат сами на паркингот и да ве бараат.
  • Ако некое дете е киднапирано треба да знаат како да им дадат сигнал на другите луѓе дека се во неволја.
  • Тинејџерите не треба да патуваат автостоп колку и да е тоа популарно
  • Тоалетите на јавни места се прилично опасни, не го пуштајте вашето дете да оди само, правете му друштво и почекајте го пред тоалетот.

Сподели на Facebook
пати видено