Црната дупка на нашата галаксија мина низ „невидени“ промени и ги остави научниците збунети затоа што одеднаш стана 75 пати посветла од нормалното.

Во споредба со активното јадро кое исфрла светлина и топлина, Стрелецот А *, супермасивната црна дупка во срцето на Млечниот пат, е прилично мирна и обично покажува минимални флуктуации во нејзината осветленост.

Стрелец A * е најблиската црна дупка што можеме да ја видиме, која се наоѓа на 26 000 светлосни години од Земјата, а на 13 мај научниците набудувајќи ја со телескопот „Кек“ на врвот на Мауна Кеа на Хаваи забележале дека е 75 пати посветла во блискиот инфраред опсег на светлосен спектар.

Тимот успеа да ја опфати сцената во временски период, така што два часа биле сведени на неколку секунди:

Астрономот на UCLA, Туан До, кој бил еден од астрономите кои ја набудувале црната дупка, изјавил дека најпрвин тој дури и не знаел во што гледа. Научникот објасни: „Прво бев изненаден, а потоа многу возбуден. Црната дупка беше толку светла што најпрвин ја измешав со ѕвездата S0-2, бидејќи никогаш не сум го видел Стрелец A * толку светол. Во текот на следните неколку рамки, беше јасно дека изворот е варијабилен и тоа мора да е црната дупка. Знаев скоро веднаш дека веројатно се случува нешто интересно со црната дупка.“

Научниците сѐ уште не знаат што педизвикува црната дупка да стане толку светла, но постојано собираат податоци и информации.

Црните дупки сами по себе не испуштаат зрачење што можеме да го откриеме, но околината го прави кога гравитационите сили на црната дупка создаваат огромно триење, што произведува зрачење.

Сподели на Facebook
пати видено