Пингвините се симпатични мали животни на кои тешко можеме да им одолееме. Сепак не било секогаш така, а фосил во Нов Зеланд сведочи за тоа.

Според пронајдениот фосил може да се заклучи дека некогаш постоел пингвин со големина на човек и не мислиме на големина на дете, затоа што такви имаме и сега.

Станува за пингвин од новооткриениот вид Crossvallia waiparensis кој имал висина од 160 сантиметри и тежел 80 килограми. Тоа е четири пати потешко и 40 см повисоко од најголемиот жив пингвин, императорот пингвин.

Замислете ваков пингвин да тргне кон вас. Сигурно првата реакција нема да ви биде да му дадете прегратка. Коските биле откриени од аматерот палеонтолог Леиг Лав на фосилното место Ваипара Гринсенд во Северен Кантербери, на Јужниот остров на Нов Зеланд.

За нив се верува дека датираат од епохата на палеоценот која била пред 66 и 56 милиони години. Локалниот подготвител за фосилни остатоци Ал Маниринг ги подготвил за проучување и им помогнал во опишување и тим од музејот Кантербери и музејот за природна историја во Сенкенберг во Франкфурт ги анализирале коските пред да заклучат дека тие припаѓаат на претходно непознат вид пингвин.

Неодамна откриените коски се индикативни за нов вид, но Crossvallia waiparensis е сличен на уште еден праисториски гигантски пингвин, познат како Crossvallia unienwillia, кој беше идентификуван од фосилизиран парцијален скелет, пронајден во Крос долината на Антарктикот во 2000 година.

Сподели на Facebook
пати видено