10 генијални пронајдоци кои можат да ви го направат животот подобар оваа година

Според Форбс, технолошките решенија од претходната година најмногу ги допреле паметните системи за домовите и личните технолошки надградби. Најголем дел од пронајдоците од нашата листа го следат истиот тренд. Погледнете како иноваторите ни ги олеснуваат животите и секојдневните работи ги прават уште позабавни. Кој пронајдок би сакале вие да го имате?

7 големи научни митови, по кои ќе почнете да се сомневате дека знаете сѐ

Во едно од најавторитетните научни списанија беше објавена статија создадена од SCIgen компјутерската програма за генерирање на псевдонаучни текстови. Но статијата беше проверена од страна на рецензентот и беше одобрена да биде објавена, иако нејзината содржина се покажа како апсолутно безначајна. Од ова можеме да заклучиме дека се случуваат намерни научни измами или едноставно грешките направени од научниците, се пласираат пред светот како вистински откритија.

Вака во иднина ќе купуваме овошје и зеленчук?

„Робомарт“ е пиљара на 4 тркала, без возач. Ја повикуваш со мобилниот телефон, таа те лоцира и доаѓа кај тебе за да си одбереш плодови по твоја желба.

10 одлични идеи од различни земји кои треба да се користат насекаде

Сигурни сме дека секоја земја има нешто што ги импресионира туристите: секое место има некои одлични идеи кои всушност може да се користат насекаде. Понекогаш овие работи се толку едноставни што ни станува чудно зошто веќе не ги има во секоја држава во светот. Мислиме дека канти за ѓубре со Wi-Fi и копчиња за „заблагодарување“ на возачите во автобусите се одлични, корисни и креативни изуми.

6 факти за здравјето кои не натераа да се запрашаме: „Како е ова можно?“

Здравјето е најважното нешто што луѓето го имаат, затоа многумина од нас се обидуваат да научат нови работи секој ден што ќе ни помогнат да останеме здрави колку што е можно подолго. Денес, се чини дека научниците знаат сè за човечкото тело, но ова всушност не е точно. На пример, неодамна, лекарите открија дека отсуството на појадок нема никакво влијание врз здравјето, и треперењето кога ви е ладно ви помага да изгубите тежина.

Најстариот добитник на Нобелова награда, 96-годишен физичар, вели дека неговиот нов изум ќе обезбеди чиста и евтина енергија за сите

На 96-годишна возраст, Артур Ашкин е најстариот човек што некогаш добил Нобелова награда. Ашкин освои половина од наградата за физика во 2018 година за неговата улога во развојот на технологијата што ги прави многу малите суштества да „лебдат“ користејќи само светлина. Тој работел во Bell Labs во 1960-тите, 70-тите и 80-тите години. Неговото откритие го поттикнало пронаоѓањето на оптички пинцети, кои биле користени за да се протегне ДНК и да се измисли тест за маларија, меѓу другите медицински намени. Нобеловиот лауреат вели дека сè уште не завршил со изумите. Неговата доживотна опсесија со светлина го однела до неодамнешниот пресврт кон соларната енергија.

Наскоро секој од нас ќе може да „лета“ во вселената и да ја посети Меѓународната вселенска станица

Помалку од 250 луѓе, всушност, ја посетиле Меѓународната вселенска станица (МВС). Но, благодарение на нов проект оваа задоволство ќе биде достапно за луѓето од сите страни на светот. На филмскиот фестивал Санденс TIME и студиото Felix & Paul Studios го најавија својот проект наречен „МВС искуство“. Со помош на овој проект секој ќе може да шочувствува како е да се биде астронаут.

Се чувствувате осамено? Медицината развива решение кое ќе го реши овој проблем

Од сите емоционални состојби кои можат да влијаат на нашето физичко здравје, сепак, осаменоста е една од најмалку разбраните и најмалку клинички признатите проблеми. Но, осаменоста може да има долготрајни влијанија врз нашето тело и современото општество се соочува со прилично осамена иднина. Наведете некоја болест и шансите дека западната медицина има пилула за тоа се прилично големи.

Психолозите нè предупредуваат за тоа што може да се случи доколку детето поминува премногу време на паметен телефон и работите се посериозни отколку што мислиме

Голем дел од нас сметаме дека паметните телефони ни го направија животот полесен и побезбеден: можеме да ги пратиме нашите деца каде и да се наоѓаат во која било минута од денот или ноќта. Но, бидејќи ова не е единствената функција на овие уреди, тие исто така станаа навистина голем дел од животот на нашите деца. Childwise, во новиот извештај, откри дека децата поминуваат околу 6,5 часа дневно пред екраните. Една третина од испитаниците забележале дека не можат да живеат без нивните уреди и сега научниците нè предупредуваат за последиците од ова однесување.

6 факти кои покажуваат дека крвната група влијае на врз нас многу повеќе отколку што мислиме

Крвта на сите луѓе е поделена на 4 групи. Овој факт игра прилично голема улога во нашиот живот: со крвта се утврдува дали некој може да биде донатор и која група ќе му треба за време на операцијата. Но, се покажа дека нашата крв, исто така, ги одредува и другите особености – на пример, дали можеме да успееме во одреден спорт и дали ќе сме под стрес на работа. И во Јапонија, крвната група е толку важна што ја проверуваат компатибилноста со романтичните партнери и одлучуваат дали вреди да се вработи лице на одредена позиција.

Кина стартува апликација која ги прикажува должниците на 500 метри од вас и ве охрабрува да ги пријавите

Кинеските власти развија апликација која им кажува на луѓето дали некој кој што е во нивна близина има долг. Државниот весник China Daily објави дека официјални лица од кинеската провинција Хебеј ја создале апликацијата, наречена „Мапа на ненадејни должници“, на која може да се пристапи преку апликацијата за социјални медиуми WeChat.

Иднината на мобилните телефони: Кинезите почнаа да прават телефони што се превиткуваат!

Ова е само демо видео, а ваквите телефони сѐ уште не излегле во продажба. Познавајќи ги Кинезите, тоа ќе се случи веќе во наредните месеци.

13 работи од иднината кои сакаме да ги имаме токму сега

Неодамна, се создадоа многу неверојатни нешта за кои во минатото би можеле само да сонуваме. Некои од нив се сѐ уште само прототипови, а некои се достапни токму сега. Се информиравме за најновите случувања од светот и пронајдовме робот дадилка, чаша што може да ја претвори водата во кој било пијалок кој ви се допаѓа, компјутерски глушец во невообичаена форма и други интересни пронајдоци.

Замислете си желби: Јапонска компанија ќе лансира сателит кој ќе го произведе првиот вештачки метеорски дожд

Јапонска компанија наречена Astro Live Experiences планира да лансира сателит кој ќе го произведе првиот вештачки метеорски дожд. Сателитот е експериментален прототип за кој компанијата се надева дека ќе ѝ помогне да се подготви за својата прва серија на „Sky Canvas“ во близина на Хирошима во 2020 година.

Новата анимација на НАСА покажува како се движи светлината во вселената и по ова „со брзината на светлината“ добива ново значење

Брзината на светлината, која се движи со „срамежливи“ 300 милиони метри во секунда, е теоретско ограничување на брзината на универзумот. Во споредба со она со што се среќаваме секојдневно, светлината патува толку брзо што ни се чини дека е моментална. Но, новата серија на анимации од научникот Џејмс О’Донохју од НАСА покажува колку бргу се забавува брзината на светлината во однос на скалата на нашиот Сончев систем.

16 неверојатни пронајдоци кои би сакале да почнеме да ги користиме веднаш

Честопати сме иритирани од секојдневните работи: заплеткани жици на нашите уреди за полнење, скршени или валкани клупи во паркот, или кога не можеме да направиме избор меѓу 2 пијалаци. Но, меѓу нас, има луѓе кои се навистина креативни и не сакаат да ги трпат малите нешта што ги иритираат. Значи, тие измислиле навистина кул решенија. Ние не ги знаеме имињата на творците, но сепак се восхитуваме на работата што ја прават.

15 карти, кои ни откриваат некои фасцинантни факти за овој свет

Се покажа дека дамките на кожата на жирафите можат да откријат од каде потекнуваат. И стаорците веќе се населиле на сите континенти, со исклучок на Антарктикот и мала канадска провинција, која го измислила својот оригинален начин за контрола на штетници. Кој би помислил дека, гледајќи ги картите на светот, можат да се научат толку многу нови факти, приказни, па дури и да се добијат одговори на интересни прашања.

30 неочекувани факти кои го збунија светот

Дали знаевте дека пијавиците имаат повеќе од 1, 2 или дури 10 мозоци? Дали знаевте дека јазикот всушност е во различна положба во устата отколку што замислуваме? Може да погодите зошто врвките на патиките често се одврзуваат? Подгответе се да бидете изненадени затоа што одговорите на овие прашања можат да бидат сосема неочекувани.

10 научни факти кои покажуваат дека секој од нас си има свои демони

Дали некогаш сте размислувале зошто жените често ги привлекуваат „лоши момци“? Се чини дека сè е очигледно, но сепак девојката одлучува за оваа врска. Излегува дека постои научно објаснување: таквите мажи се сметаат за посигурни и подготвени да преземат ризици. Не верувате? Прочитајте ја нашата статија и ќе откриете уште 9 неочекувани факти за човечката природа.

Што советуваат научниците да јадеме, според нашата крвна група?

Прилично е лесно да се открие на која крвна група припаѓате. Сѐ што е потребно се 3 епрувети и со 3 различни реагенси кои содржат 3 различни антитела: A, B и Rh. И примерок од крв, се разбира. Кога ќе се стави крв во сите епрувети се чека реакција. Кога крвта се згрутчува тоа значи дека реагира со истите антитела што ги има во себе и на овој начин научниците откриваат на која крва група припаѓате.

14 фасцинантни факти за светот околу нас кои ќе ве воодушеват

Има толку многу работи во светот кои не ги разбираме! На пример, дали мечката е генетски поблиска до хиена или куче? Колку ескалатори има во Вајоминг? Луѓето сакаат да ги дознаваат и да ги споделуваат овие факти. Доколку сакате да дознаете нешто ново за што ќе можете да дискутирате со пријателите наредниот пат кога ќе седнете на кафе или пиво прочитајте ја оваа статија.

Зошто некои жени имаат повеќе додворувачи, а некои помалку? Науката нуди неколку одговори на оваа прашање

Научниците веќе долго време истражуваат и размислуваат за критериумите на привлечноста. Зошто некои жени имаат многу додворувачи, а некои ги поминуваат ноќите сами? На оваа тема, можете да се расправате засекогаш. Сепак, постојат работи кои ги разликуваат некои жени од толпата и гиправат минувачите да се свртат по нив. Ние не можевме да се воздржиме и одлучивме да ги разоткриеме тајните на атрактивните жени.

9 работи кои ни пристигнаа директно од иднината

Можеме да се обложиме дека барем еднаш додека сте гледале некој филм сте помислиле: „Би сакал да имав вакво нешто“. Па, верувале или не, некои од тие работи веќ постојат и откако ќе дознаете нешто повеќе за нив ќе сфатите дека футуристичката ера е многу поблиску до нас отколку што очекувавме. Ние ги пронајдовме овие уреди и технологии кои се толку неверојатни, што едноставно моравме да ги споделиме со вас.

Новите завои ќе лекуваат така што ќе „зборуваат“ со раните

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон создадоа нова молекула која може да „разговара“ со клетките во областа во близина на повредени ткива за да се поттикне заздравувањето на раните.

9 наједноставни медицински тестови кои можете да ги спроведете веднаш самите

За правилно да се грижите за вашето здравје, треба да се подложите на целосен медицински преглед еднаш годишно. Сепак, состојбата на телото треба да се почитува во периодите помеѓу закажаните посети на лекарот. За да го направите ова, постојат тестови кои можат да откријат сериозна болест пред да се појават првите симптоми и истте можете да ги направите сами во вашиот дом.

Гробот кој лекува: Ирска легенда се покажа како точна откако научник решил да го истражи „лековитиот гроб на свештеникот“

Традиционалните античките народни лекови не се третираат сериозно од страна на медицински истражувачи и професионалци. Сепак, некои научници земаат нов поглед на овие лекови, бидејќи некои се верува дека го држат клучот за борба против смртоносните болести и инфекции. Во Ферманаг, Северна Ирска, постојат вистински надежи дека древниот народен лек може да помогне во борбата против бактериите и вирусите кои се отпорни на лекови.

Зошто да одите во хотел, кога хотелот може да дојде кај вас? Ова е новиот футуристички апартман кој ќе ве вози додека спиете

Многу време се губи во транзитот, од неколку часови помнати во чекање на аеродромот, до голем метеж во сообраќајот. Но дизајнерското студио со седиште во Торонто, Априли, го подготви футуристичкото решение кое може да ги претвори тие изгубени часови во ефикасно поминато време. Концептот на „Autonomous Travel Suite“ на фирмата ја комбинира удобноста на хотелската соба со моќта на автономното возење.

Пред 10 години Microsoft се обиде да предвиди како ќе изгледа технологијата во 2019. Еве го видеото!

Да бидеме искрени, многу блиску биле, технологијата денес навистина изгледа така како што замислиле тие во 2009 година, ха ха ха.

10 пронајдоци од 2018, за кои сме читале во научно-фантастичните книги, како деца

Понекогаш ни се чини дека во современиот свет, технологијата ја достигна својата граница и дека е скоро невозможно да се пронајде нешто сосема ново. Но пронаоѓачите размислуваат многу поинаку и никогаш не престануваат да нè воодушевуваат со направи кои се дизајнирани да го направат нашиот живот уште поудобен. Ние веруваме дека ќе бидете пријатно изненадени откако ќе ја прочитате статијата.

10 популарни работи кои ќе исчезнат од нашите животи за 100 години

Ништо не е засекогаш на Земјата. Дури и најпознатите работи за нас некогаш стануваат непотребни, и тие се заменуваат со иновативни идеи и технологии. И фактот дека она што вчера се чинело како составен дел од нашиот живот, за 100 години, ќе стане дел од минатото.

+