Астроном, аматер, открил меѓуѕвезден објект кој не потекнува од нашиот Сончев систем. Доколку се докаже дека навистина доаѓа надвор од нашиот Сончев систем ва ќе биде вториот откриен објект од ваков тип по откритието во 2017 година на издолжениот предмет познат како Оумуамуа.

Според Minor Planet Center на универзитетот Харвард, објектот се чини дека има „хиперболичка“ орбита, што укажува на тоа дека потекнува од различен планетарен систем. „Хиперболичка“ орбита значи дека орбитата орбитира во форма што е далеку од совршен круг. Совршено кружна орбита би имала ексцентричност од нула, повеќето орбити на планети, астероиди и комети имаат ексцентричност помеѓу нула и една. Овој новооткриен предмет има ексцентричност од 3,2.

Меѓуѕвездениот објект за прв пат бил забележан од аматерскиот астроном Генадиј Борисов на 30 август, во Кримската астрофизичка опсерваторија во Бахчисарај. Кога го забележале, предметот се наоѓал околу три астрономски единици (околу 450 милиони км) подалеку од сонцето.

„Врз основа на расположливите набудувања, решението за орбитата за овој предмет се приближува до хиперболичките елементи прикажани подолу, што би укажувало на меѓуѕвездено потекло. Голем број други компјутеризирани орбити донеле ист заклучок.“, велат од Minor Planet Center.

За разлика од Оумуамуа, која првично беше класифицирана како комета, но подоцна беше преквалификувана, бидејќи немаше карактеристични комети квалитети, новиот предмет носи јасно видлива опашка. Според набудувањата, новиот објект е многу светол и широк околу 20 км.

„Има име, и – како такво – сега е официјално. Кометата C / 2019 Q4 (Борисов) * се чини дека е меѓуѕвездена комета! Како и да е, лакот за набудување е сè уште краток, а клучниот дел од информациите за орбитата (ексцентричност) сè уште е нејасен. За разлика од Оумуамуа, за чија астероидна или кометна природа сè уште се расправа, оваа дефинитивно е комета. Ако е недвосмислено меѓуѕвездена, ќе биде фасцинантно да се види како нејзиниот состав (спектрални својства) се споредува со видовите што ги гледаме кај комети од нашиот сончев систем.“, изјавил астрофизичарот Карл Батамс, од лабораторијата за поморски истражувања во Вашингтон.

Сподели на Facebook
пати видено