Сите знаеме дека децата денес се зависни од игри барем голем дел од нив. Иако за некои е тоа нормално оваа зависност може да прерасне во нешто многу полошо од лоши оценки на училиште.

Родители на две момчиња се одлучија да ja тужат компанијата Epic Games за најпопуларната игра Fortnite затоа што предизвикува зависност.

Според зборовите на адвокатите, Epic Games, со помош на тим од психолози ја направиле играта зависна за играчите и како таква ја пласирале на пазарот, со цел да привлечат што е можно повеќе деца. Адвокатската канцеларија Calex legal од Монтреал, која ги застапува момчињата, играта Fortnite ја споредува со кокаин и наведува дека поттикнува лачење на допамин во мозокот кај ранливи млади луѓе кои поради тоа се зависни од играње видеоигри.

Адвокатката Алесандра Еспозито Чартранд, смета дека има доволно докази за да го отвори случајот и тие исто така ги повикуваат и останатите родители кои го споделуваат оваа мислење да им се придружат.

„Кога нешто може да предизвика зависност, компанијата е должна да ги предупреди корисниците за тоа, а Epic Games го пропушти овој момент“, вели адвокатката.

Родителите се одлучиле да ја тужат Fortnite, за да не дозволат и други деца да се заразат со оваа видеоигра. Fortnite е бесплатна и е една од најпопуларните игри во светот, со повеќе од 125 милиони играчи.

Сподели на Facebook
пати видено