Индонезиска компанија откри начин како да направи пластични кеси кои не се штетни за околината, а тоа може да го промени светот. Секоја минута, се фрлаат околу 1 милион пластични кеси низ целиот свет и годишно, милиони животни умираат од нив со голтање минијатурни парчиња пластика.

За да ѝ помогне на нашата заболена планета, Авани создаде револуционерни пластични кеси за намирници кои се за еднократна употреба и не ѝ штетат на земјата на кој било начин.

Со цел да се бори против големиот проблем со отстранување на пластика низ целиот свет, Авани лансираше кеси кои изгледаат и на допир се како пластика, но се 100% еколошки. Без штетни нафтени производи, торбите се направени од природни смоли и скроб од коренот на касава. Додека на обичната пластична ѝ се потребни околу 1.000 години за да се распадне, еко-пријателските кеси на Авани исчезнуваат за 3-6 месеци.

Дури и таа кратка временска рамка може да се забрза. Компанијата тврди дека ако откако ќе ја користите торбата и ја ставите во врела вода, а потоа во ладна вода, таа веднаш ќе се раствори. Покрај тоа, материјалот од кој се создадени кесите е всушност добар за морските и копнените животни, бидејќи тие можат да го консумираат безбедно.

Еколошките кеси се со цена од 2-3 центи повеќе од обичните пластични кеси, но ко-основачот на компанијата, Кевин Кумала, верува дека е мала цена да се плати доколку тоа помогне во заштита на нашето опкружување и обезбедување на нашата иднина.

Дури и по повеќе забрани за пластични кеси, над 1 трилион пластични кеси се трошат ширум светот. Кесите на Авани изгледаат исто како и пластичните кеси. Единствената разлика е во тоа што овие се нетоксични, пријателски настроени кон земјата и животните и биоразградливи.

Сподели на Facebook
пати видено