На 16 јули 1945 година, експлодирала првата нуклеарна бомба во пустината во Њу Мексико и ја промени историјата засекогаш. За миг, светот влезе во нуклеарно доба. По 74 години од првиот тест, имало над две илјади нуклеарни експлозии во светот, извршени од осум земји.

За да се добие подобра претстава за тоа која држава ги вршела овие експерименти и напади Петар Атвуд создал карти што ја прикажуваат секоја експлозија како светло осветлување на 3D пејзаж, при што секоја боја претставува различна земја.

Огромното мнозинство на нуклеарни тестови беа извршени од само две држави: САД и СССР. За да се добие подобра претстава за тоа каде се извршени овие тестови, треба да ги разгледаме подетално некои од најсветлите делови на картата.

Тест-база на Невада, САД

Маршалски Острови

Тест-база на Семипалатинск, Казахстан

Тест-база Нова Земја, Русија

Француска Полинезија

Тест-база на нуклеарно оружје „Лоп Нур“, Кина

Тест-база на Велика Британија, Австралија

Тестови на Индија / Пакистан

База за нуклеарни тестови „Пунџи-ри“, Северна Кореја

Сподели на Facebook
пати видено