Една жена била хоспитализирана откако нејзината крв ѝ посинела и почнала да наликува како нешто од научнофантастичен филм. 25-годишната жена му дала ново значење на изразот „сина крв“ откако пристигнала во болницата во Род Ајленд, САД, со темно-сина крв.

Жената им кажала на лекарите дека користела спреј за олеснување на забоболка и дека веќе наредниот ден се чувствувала „слаба и изнемоштена“. Лекарите велат дека жената била, според нив „цијанотична“, што е медицински термин за да се добие сина кожа и нокти.

Таа била видена од д-р Отис Ворен, лекар за итни случаи во должност во болницата „Миријам“ во Провиденс, кој го дијагностицирал проблемот како „стекната метемоглобинемија“, што е ретко крвно нарушување што предизвикува луѓето да произведат извонредна количина на метемоглобин, еден вид на хемоглобин.

Според Националната библиотека за медицина, со метемоглобинемија, хемоглобинот може да носи кислород, но не може да го ослободи ефикасно на ткивата. За среќа лекарот веќе еднаш решавал таков проблем. Д-р Ворен изјавил дека состојбата е предизвикана како резултат на средството против болки што се користи за забоболка, во кое имало бензокаин.

Тој ја третирал жената со противотров, иронично именуван метиленско сино, и тој вели дека за неколку минути таа одговорила дека се чувствува далеку подобро. Таа добила втора доза и ноќта ја поминала во болница, а наредното утро ја испратиле дома и ја упатиле да посети стоматолог.

Сподели на Facebook
пати видено