Лоши вести за сите кои некогаш позајмиле туѓи полначи кога биле во голема потреба, затоа што експертите за компјутерската безбедност предупредуваат дека никогаш не треба да го правиме тоа.

Да бидеме искрени сите сме го направиле тоа, најмалку еднаш. Но сега експертите предупредуваат дека треба да си ги заштитуваме каблите за полнење како што ги заштитуваме телефоните со лозинки.

Чарлс Хендерсон, глобален менаџер партнер и шеф на X-Force Red на IBM Security, управува со тим на хакери кои клиентите ги ангажираат да ги пробиваат нивните компјутерски системи со цел да ги изложат слабостите, кои потоа ќе ги поправат.

„Постојат одредени работи во животот што едноставно не ги позајмувате. Ако сте заминале на патување и сфатите дека сте заборавиле да спакувате долна облека, не би ги прашале сите ваши сопатници дали можете да ја позајмите нивната долна облека. Едноставно ќе одите во продавница и ќе купите нова долна облека.“, вели тој.

Експертот за компјутерска безбедност предупреди дека, бидејќи хакерите сфатиле начин да имплантираат во кабли за полнење малициозен софтвер, кој може од далечина да ги „киднапира“ уредите и компјутерите, подобро е да „се спречи отколку да се лечи“, кога станува збор за позајмување на полначи.

Неговиот тим се обидува да ги научи клиентите да имаат помалку доверба во кабли за полнење од трети лица со тоа што им испраќаат лажни кабли за iPhone ои поштата, што се означени со нешто невино, „како продавач или партнер што ги навел на нивната веб-страница“. Потоа, тие гледаат дали лицето го приклучува кабелот.

Иако злонамерните кабли за полнење не се широко распространета закана во овој момент Чарлс вели дека набргу ќе станат. Тој вели: „Технологијата е навистина мала и навистина евтина. Може да биде толку мала што изгледа како обичен кабел, но има можност и интелигенција да засади малициозен софтвер на својата жртва. Овие работи само ќе стануваат поевтини за производство и не е нешто што просечниот потрошувач нема да може да го следи и во тој момент станува остварливо на масовно ниво.“

Сподели на Facebook
пати видено