Кинезот Ванг Чао има 25 години, а веќе стана познат во својата татковина благодарение на неговата иновација. Иновацијата беше нареченa „Костимот на Ајронмен“. На демонстрацијата со неговиот костим 25 годишното момче крена автомобил.

Пронајдокот на Ванг е егзоскелет кој ја зголемува силата на човечките мускули. Уред тежи 5-6 кг и се носи како елек. Целата електроника се наоѓа на задниот дел, а батеријата трае 8 часа. Неговата компанија наскоро ќе започне со масовно производство на вакви костими наменети за магацински работници. Костимите веќе се тестираат во магацините на неколку големи кинески компании. За време на демонстрацијата на егзоскелетот, Ванг Чао успеа да крене автомобил.

„Границата на човечкото тело е причина за сите пронајдоци. Создадовме многу брзи автомобили, имаме направи со кои што летаме. Верувам дека егзоскелетите ќе влезат во нашите животи и ќе станат неопходни како и мобилните телефони “, рече иноваторот.

Сподели на Facebook
пати видено