19 фотографии кои нѐ натераа да врескаме: „Луѓето се неверојатни!“

Сите можеме да се сетиме на моменти кога соседите нѐ „убиваа“ со гласна музика или пак кога шефот на работното место се однесуваше нечовечно. Во такви моменти помислуваме дека светот и не е ајпријатното место и дека сите се обидуваат да се саботираат едни со други. Но, има и моменти кога гледаме дека луѓето си помагаат едни на други и прават несебични работи, и сфаќаме дека животот е всушност неверојатен! Како бонус дознајте која е најсимпатичната војна за која некогаш сте слушнале.

Хуман човек му помага на мрзливец да помине преку патот

Мрзливците се многу интересни животни кои живеат во Јужна Америка, а името го добиле заради нивните бавни движења. Познати се по тоа што животот го поминуваат висејќи со главата надолу на дрвјата од тропските дождовни шуми на Јужна и Централна Америка. Интересно е што нивната мрзливост всушност многу им користи во животот. Мрзливоста им е […]

15 докази дека во современиот свет сѐ уште има благородни витези

Не, мажите кои се способни за учтивите дела и романтични гестови сѐ уште не се исчезнати. За среќа тие повеќе не пукаат во дуели за дамите. Но, можат да се разбудат рано наутро и да стојат во редица за свежи кроасани за жената или едноставно да ѝ помогнат на непозната девојка, фатена во непријатна ситуација.

Неодоливиот момент во кој мало девојче си најде начин на забава за време на молитвата

Децата ретко можат да останат сериозни во ситуации кога тоа се бара од нив, особено ако здогледаат можност за малку забава. Малото разиграно девојче не сака да седи мирно и да чека додека чичковците се молат во историската Маџид џамија во Сринагар, во Индија. Тоа реши да си го направи денот поинтересен на свој начин.

Земјоделец спасил 4 лисичиња, откако забележал дека нивната мртва мајка е бремена

Крис Ролф од Англија се возел со својот автомобил во Западен Сасекс, кога забележал мртво животно на патот. Иако најголем дел од луѓето едноставно би поминале покрај мртвото животно, Крис не можел да го направи тоа и застанал да види дали сѐ уште има можност да му се помогне или пак да го тргне од патот.

Трогателното писмо на Нобеловецот за неговата почината сопруга, кое го носел неотворено 43 години

Ричард Фајнман беше познат физичар на неговата генерација, кој учествуваше во развојот на атомската бомба во 1940-тите и ја доби Нобеловата награда во 1965 година за неговата работа за квантната електродинамика. Неговото чувство за хумор не знаеше за граници.

20 неверојатни моменти во кои природата успеа да ги насмее сите

Гледајќи неодоливи фотографии се подобрува нашето расположение, но според научниците се подобрува и нашата креативност. И ние мислиме дека нема ништо послатко од фотографии со животни! Без разлика дали тие се симпатични мали бебиња или веќе пораснале, тие секогаш предизвикуваат насмевка на нашите лица!

Овој човек, кој како бебе бил оставен во тоалет на аеродром, по 33 години дозна кои се неговите родители

Стив Хидс познат под прекарот „Гери Гетвик“, мечката која е маскотата на аеродромот во Сасекс веќе 15 години активно ги бара своите родители. Неговата мајка го оставила во тоалетот на аеродромот Гетвик на 10 април 1986 година, кога Стив бил стар само 10 дена.

Мачето му ги уништило слушалките на сопственикот, но за да се извини пронајде одлична замена

Да бидеме реални, малите животни се слатки, без разлика дали се кучиња, мачиња, патчиња, тие се неодоливи и ќе им дозволиме да се извлечат со било кој хаос, само затоа што ни ги топат срцата. Ова добро го знае и Харјанто, сопственикот на мало палаво маче.

Повторно заедно по 80 години: Ќерка се запозна со нејзината 103-годишна мајка, која ја оставила во сиропиталиште

Пензионерка од Ирска која била одгледана во сиропиталиште, ја посети својата 103-годишна мајка по прв пат, откако генологист ѝ помогнал да ја пронајде по долги децении трагање. 81-годишната Ејлин Мекен израснала во домот за деца без родители во Даблин и таа не знаела ништо за мајката која ја оставила како бебе.

Возачот со овој свој гест си резервира едно место во рајот

Со право му ја доделуваме титулата „Херој на денот“.

Овој татко си го отстранил стомакот за да трча ултра-маратони и за тоа имал добра причина

Ден Тејлор е татко на две деца, кој пред неколку години се одлучил да се подложи на опасна операција. Двајца братучеди на Ден починале еден по друг бидејќи биле носители на редок, наследен ген кој ги направил подложни на рак на желудникот.

Еве како кралот на животните се лекува во приватна болница наменета за луѓе

Лавот по име Хаос живее од мал во Лори паркот за животни во Јужна Африка. Тој сега има 16 години и еден голем проблем. Хаос боледува од рак на кожата и мора итно да се лекува. Но, не е лесно да се најде соодветна болница за кралот на животните.

5-годишно момче од Авганистан, кое ја изгубило ногата во војната, со танцување ја прослави новата протеза

5-годишниот Ахмед Саед Рахман кога имал само 8 месеци се нашол во вкрстен оган помеѓу авганистанските војници и талибанците. Тогаш настрадала неговата нога и морала да биде ампутирана. Момчето, од покраината Логар првата протеза ја добил кога имал 1 година, а ова е неговата 4-та протеза. Веселото момче реши по тој повод да танцува во болницата во Кабул, каде што ја добил новата протеза. Позитивноста на момчето освои многу срца.

17 деца кои докажуваат дека креативноста нема граници кога станува збор за играчки

Ништо не може да ја запре имагинацијата на детето, особено кога станува збор за забава со своите пријатели. Децата од целиот свет ги прават своите омилени играчки од ништо, а резултатите се навистина генијални! Од картонски кутии и пластични шишиња до канти за отпадоци и кал, на секојдневните работи им се дава втора шанса во рацете на креативните деца.

Девојка решила да го контактира другарчето од градинка и 19 години подоцна љубовта ја крунисаа со брак

Натали и Остин Татман, кои сега имаат 24 години израснале заедно во Флорида и велат дека биле неразделни уште во градинка. Тие изубиле контакт откако Натали морала да се пресели во Конектикат со нејзината мајка. 12 години подоцна, кога Натали имала 17 години, го здогледала адресарот на нејзината мајка и решила да го разгледа.

Пријателски настроениот бел кит му го враќа на сопственикот мобилниот телефон кој му паднал во морето

Кога животните се почовечни од луѓето…

400 ученици решија да и подготват изненадување на 88-годишната баба која 12 години ги испраќа на училиште

88-годишната Тини Дејвидсон од Комокс, Британска Колумбија се доселила заедно со сопругот во нејзиниот сегашен дом во 2007 година. Таа оттогаш решила да ги поздравува тинејџерите кои оделе на училиште така што им мавтала од нејзиниот прозорец. Учениците се навикнале на неа и таа продолжила да го прави тоа во наредните 12 години.

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн покани девојче со Даунов синдром да биде нивна маскота, откако ја исмевале на интернет

Хари Кејн дознал дека 16-годишната Ела е голем фан на Тотенхем кога нејзиниот татко го објавил видеото каде што таа игра на нивниот стадион. Но, злобни тролови на социјалните медиуми го нападнале нејзиното танцување. Затоа фудбалерот со добро срце одлучил да го покани девојчето да биде нивната маскота и да се запознае со сите.

Ова момче е најмладата личност со бионичка рака во светот и за него тоа е најдобриот роденденски подарок

8-годишниот Фреди Кук е роден без една рака и тој почнал да го приметува својот недостаток откако тргнал на училиште и почнал да комуницира со другите деца. Неговите родители не сакале нивното дете да расте без самодоверба, затоа се погрижиле да го добие најдобриот подарок за 8-миот роденден.

Храбро 4-годишно девојче ѕвони на „ѕвончето за крај на ракот“ облечено во својот омилен костим

Аудрина Хатон-Рајт, од Дерби поминала 14 круга на радиотерапија за редок и агресивен рак. Но 4-годишното девојче не подлегнало на болеста и храбро се борело и победило во „војната“. Затоа таа со гордост заѕвони на ѕвоното во Центарот за радиотерапија во Нотингем, по осум месеци третман.

Хуманиот моторџија му помага на возилото за брза помош да се пробие низ сообраќајниот метеж

Кога човечки живот е во прашање, секој човек е должен да направи сѐ што е во негова можност за да помогне да се спаси. Тоа нѐ прави луѓе и нѐ разликува од животните.

Чувар во зоолошка градина повторно се сретна со стара пријателка- слоница за која се грижел пред 35 години

Слоновите навистина имаат најдобра меморија! Питер Адамсон, чувар во британска зоолошка градина повторно се сретна со својата стара пријателка, Кирсти, азиска слоница која живеела во зоолошката во Глазгов во периодот помеѓу 70-те и 80-те години на минатиот век, а која веднаш го препозна човекот кој најмногу се грижел за неа. Адамсон бил чувар во зоолошката […]

16 скапоцени фотографии кои ги покажуваат чудата на безусловната љубов

Од приказни за луѓе кои се обидуваат да ги заштитат своите деца до посветени двојки кои стареат заедно, љубовта е несомнено најмоќната од сите емоции и треба да се слави во секој поглед. Има стотици моменти кога луѓето докажуваат дека невозможното може да стане возможно ако сакаме. За среќа, многу од нив се фатени во фотографии кои ни помагаат да ја вратиме нашата верба во човештвото.

Оваа мачка има 4 необични „бебиња“, на кои им ја пружа сета своја љубов

Во близина на Крим во еден парк се крие необично семејство. Сите ѝ се воодушевуваат на мачката Пуша која решила да си посвои 4 верверички кои останале без својата мајка. Мачката ги храни, се игра, се грижи за нив и им ја пружа потребната љубов, а малите верверички не се разделуваат од неа.

Запознајте го Амос и неговиот мал пријател Тоби кој му помага да се движи и го заштитува од ривалите

Овој слеп стафорд си добил сосптвено куче-водич, кој му помага во извршување на секојдневните задачи, како на пример да си ја најде чинијата со вода и храна. Амос стана неразделен од неговиот мал помошник Тоби, 9-годишен териер. Сопственичката Џес Мартин вели дека Тоби ужива во улогата и постојано му помага на малиот пријател и го брани од останатите кучиња во паркот.

Херој на денот: Ова дете од рускиот град Омск им одржа лекција на сите политичари кои мислат само на фотелјата!

Детето со својата лопата-играчка реши да ги поправи дупките на улицата, но внимаваше да не го изгази некој автомобил. Неговата сестричка го чекаше и учеше важна животна лекција.

Овој бездомник докажува дека за да спасиш живот не треба да имаш пари, туку благородно срце, а тој спаси 7

Бездомник „копал“ во контејнерите во близина на маркет во Калифорнија, тој внатре пронашол нешто неочекувано. Во контејнерот во кеса, биле ставени 7 мали кученца и сите биле пред смрт. Човекот ги извадил, ги ставил на видно место пред продавницата и му ги посочил на еден од минувачите.

Благодарно колибри: Како малата птица Баз, секоја пролет се враќа кај човекот кој ѝ го спасил животот

Мајк Карденаз во 2015 година пронашол мало колибри чии крилја биле скршени. Кутрата птица не можела да лета, а поранешниот офицер на SWAT имал премногу меко срце за да ја остави таква. Тој ја земал птицата, ѝ го дал името Баз и почнал да се грижи за неа.

Која е омилената играчка на Пусич? Погледнете што се случува кога ќе оставите мачка во соба полна со тоалетна хартија

Мачките обожаваат да туркаат предмети, да го гребат каучот и да се играат со… тоалетна хартија. Всушност мачето Пусич, од Белорусија ја обожува. Затоа нејзините сопственици решиле да ја „опремат“ собата со 100 ролни тоалетна хартија и да постават камера за да ја видат реакцијата на веселото милениче.

+