Кучето Тото било со сопственикот Факундо Бруско во Ел Јагуел, во источната аргентинска провинција Буенос Аирес, кога тој починал на 14 август.

Мајката на Бруско, Карина, вели дека симпатичното кученце го придружувало нејзиниот син секој ден додека тој одел на работа. Тогаш 27-годишникот решил да го посвои кучето и да поминува повеќе време со него.

Сепак Бруско имал свои проблеми и посетувал психијатар затоа што со години се борел со депресијата. Тој се самоубил на железничката станица, а Тото најверојатно бил сведок на сето тоа.

Во следните недели, Тото му останал верен на својот сопственик и тој редовно бил забележуван како чека покрај железничката пруга каде што се случил инцидентот. Локалните жители биле допрени од тажната сцена и голем број од нив успеале да му помогнат на Тото со тоа што му носеле храна и создале импровизирано засолниште за да осаменото кученце остане суво во дождливи денови.

Околу еден месец по смртта на Бруско, здружението за животни „Патитас Глев“ било запознаено со приказната за Тото и одлучиле да помогнат. Тие се фокусираат на спасување, закрепнување и одговорно посвојување, истовремено зголемувајќи ја свеста за напуштањето и злоупотребата на животните.

Со надеж дека ќе му најдат нов дом Патитас Глев сподели фотографија од Тото на социјалните мрежи, каде што наиде на мајката на Бруско. Таа го посвоила кучето бидејќи иако Тото го изгубилс војот сакан сопственик, таа сака кучето да остане во семејството.

Сподели на Facebook
пати видено