Храната е живот. Вие тоа го знаете, јас го знам и ова девојче сигурно го знае. Зошто? Бидејќи таа проголта 18 цели јогурти за помалку од 10 минути, подвиг што дури и најискусните љубители на храна веројатно не можат да го постигнат.

3-годишната Оливија била „фатена на дело“ од нејзиниот 27-годишен татко, Арон Висал, откако излегол на кратко да ја среди оградата во градината.

Тригодишното дете седело на масата во кујната опкружено со 18 празни садови од јогурт и било задушено во Петит Филоус, кога Арон, татко на две, од Нотингем, ја прашал Оливија дали ги изела сите јогурти. Тогаш опасната Оливија гордо му одговорила „Да!“, а таткото ја фотографирал и ја ставил на социјалните мрежи, откако претходно ѝ го избришал лицето од јогуртот.

Смешната фотографија оттогаш е споделена повеќе од 10.000 пати и покажува дека Оливија изгледа повеќе од задоволна од себеси додека позира со празните садови со јогурт. Мислам, кој може да ја обвини?

Па како се случило сето тоа? Мајката на децата си правела фрузура, додека таткото Арон ја средувал оградата во градината и постојано ги проверувал своите две деца. 3-годишната Оливија гледала телевизија, а 6-годишниот Оскар играл Плејстејшн во дневната соба.

Оскар го предупредил својот татко дека Оливија јаде јогурт, но бидејчи таа знаела и друг пат да си земе по едно кутивче таткото не се растревожил многу… мислам колку може да изеде едно дете. Но, кога по 10 минути повторно влегол внатре сфатил дека може да изеде дури 18.

Семејството вели дека сега јогуртот го чуваат на највисоката полица во куќата.

Сподели на Facebook
пати видено