Добрите дела зборуваат сами за себе. 9-годишниот Павел Абрамов од Русија е совршен пример за современ млад херој и доказ дека и децата можат да направат промени во светот.

Павел иако е прилично мал е многу талентиран кога станува збор за уметноста, но тој не сака само да се истакне како уметник, туку сака и да им помага на најдобрите пријатели на луѓето, животните.

Младиот уметник од мал град Арзамас во Нижни Новгород слика прекрасни портрети од домашни миленици и не ги продава за да заработи пари и да си купи најнов Ајфон или играчки. Тој ги разменува своите прекрасни портрети за храна за животни и залихи и ги донира во локално засолниште. Секој може да помогне на свој начин.

Павел и неговата мајка Екатерина Болшакова го започнаа овој проект наречен „Љубезна четка“ пред околу една година. Оваа идеја потекнува од сјајниот ум на Павел кога му починал неговиот миленик и повеќе не сакал да ги гледа тажните животни по улиците. Тој сакал да направи промена во спомен на неговиот сакан Барсик и навистина успеал во тоа.

Павел слика вистински миленичиња на сопственици кои се подготвени да склучат договор за да обезбедат килограми каша, месо и потрошен материјал во замена за портрет на нивното сакано животно. Тој ги знае сите свои модели по име.

Оваа храбра социјална иницијатива веќе се рашири низ градот Арзамас. Љубителите на животните од цела Русија, па дури и од странство сакаат да ги направат портретите од своите миленици додека учествуваат во добротворна мисија. Уметничките дела направени од Павел отпатувале во Шпанија, Германија и на многу други дестинации.

Павел е најмладиот волонтер на единственото засолниште за животни во Арзамас кое во моментот има над 100 кучиња. Во замена за неговите слики, тој бара храна, средства за домаќинство, додатоци, во зависност од тоа што му треба на засолништето во тој момент. Погледнете ги неговите дела и донации:

Сподели на Facebook
пати видено