Изгладнето куче беше пронајдено заробено во урнатините на една срушена зграда еден месец откако ураганот Доријан ги погоди Бахамите.

Кучето, кое оттогаш го носи името Чудо, беше спасено во пристаништето Марш од страна на членовите на Big Dog Ranch Rescue, кои користат технологија и специјални тимови за лоцирање и спасување кучиња заробени како резултат на ураганот.

И покрај тоа што кученцето било скоро „здробено“ до смрт од урнатиот објект и останал таму веќе три недели, сепак успеало да преживее од дождовница. Службата за спасување на животни користела инфрацрвена технологија за барање топлина со дрон за да го пронајде Чудо, на крајот го лоцирале затрупано под неколку единици за климатизација меѓу остатоците.

Кучето пристигнало во спасувачкиот центар и му биле дадени 300 мл течности од страна на ветеринарот, пред да го нахранат со мала количина на храна. Кучето ќе биде префрлено во САД каде што ќе се опоравува и ќе добие нов дом. За жал во близина на Чудо имало и уште едно куче кое не успеало да преживее.

Сподели на Facebook
пати видено