Родендените во канцеларија можат да бидат одлични, веројатно ќе има вкусна торта и неколку картички за среќен роденден. Работниот ден ќе биде паузиран на 10 минути и можеби ќе има и „луда забава“ со роденденски капчиња.

За големите компании, компании кои вработуваат илјадници и илјадници луѓе на пример, шансите се дека ќе има неколку родендени скоро секој ден.

Иако можеби ќе ви биде простено доколку како директор немате време да одите и да честитате родендени на илјадници вработени, еден директор реши да направи нешто „плус“ и секоја година пишува над 9.000 роденденски честитки за да ги усреќи своите вработени.

Шелдон Јелен, извршен директор на БЕЛФОР холдингс, компанија за олеснување на катастрофи и обнова на имот, рачно пишува роденденски честитки на своите вработени од 1985 година, долго пред да биде извршен директор, и тој не покажува знаци на запирање. Тој во моментов пишува 9.200 родендени картички секоја година, по една за секој вработен.

Јелен рече дека започнал да испраќа картички во 1985 година. Се чини дека неколку вработени мислеле дека тој бил на посебен третман од страна на неговиот зет, кој го ангажирал во фирмата, па затоа Јелен започнал да им испраќа картички за сите. Тој рече: „И функционираше. Ги натера луѓето да зборуваат, почнавме да комуницираме повеќе и сакам да мислам дека ми помогна да заработам почит во компанијата. “

Денес, Јелен често лета со куфер полн со канцелариски материјал, пишувајќи илјадници картички. И тоа не се само родендени, извршниот директор испраќа и благодарници, честитки за годишнини, празнични картички и им испраќа картички на своите вработени кога нивните деца се болни.

„Тоа е исто нешто што не ме чини ништо. Кога дознавам за обични чинови на добрина, пишувам картички за блгодарност за личноста да знае дека е ценета и дека нејзините напори не поминуваат незабележано.“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено