Тајра Винтерс, ученичка од средното училиште Роквол во близина на Далас, Тексас, е пофалена за нејзиното брзо размислување на локалната парада.

17-годишната девојка била дел од перформаносот како можоретка, но одеднаш забележала опасност.

2-годишно момченце на трибините почнало да поцрвенува во лицето и давало знаци како да се гуши. Неговата мајка во паника не знаела што треба да направи, но затоа Тајра била подготвена како суперхерој. Детето се гушело од бонбона. Таа скокнала на трибините во толпата, го земала детето од мајката и му извршила Хајмлиховиот зафат.

Детето ја исплукало бонбоната и добила голем аплауз. Никол Хорнбек и нејзиниот двегодишен син Кларк, неколку дена по херојството на мажоретката дошле официјално да се запознаат со неа.

Никол вели дека тогаш за прв пат се почувствувала „бескорисна како мајка“ бидејќи не знаела што да направи и само трчала низ публиката барајќи помош од некого.

Што се однесува до Тајра таа е само среќна што успеала да му се најде на малиот Кларк и е свесна дека детено не се сеќава на неговиот херој, но можеби еден ден кога ќе порасне ќе сфати.

Сподели на Facebook
пати видено