Средношколката од Калифорнија Танви Барман уште кога имала 7 години волонтирала во засолништа за бездомници заедно со своите родители. Таа научила како да ги прифати тие луѓе, но и како да им помогне кога и самата ќе биде возрасна.

Она што најмногу и пречело на сега 17-годишната девојка е што децата од засолништата за бездомници никогаш не ги славеле своите родендени како што таа го правела со своите пријатели.

Така Танви си дала за задача да патува во различни засолништа за бездомници и да прави персонализирано роденденски забави за децата.

Таа вели дека иако децата не ја познаваат веднаш штом ќе почне да комуницира со нив ја сметаат за блиска. Неодамна Танви ја организираше 45-тата роденденска забава и не планира да престане тука. Нејзината невладина организација се нарекува „No Birthday Left Behind“.

Забавата не запира само на храна и декорации, исто така има и волонтери кловнови и други забавувачи, а се донира и пица и различни видови на колачиња.

Танви вели дека засолништата за бездомници ја контактираат кога некое дете треба да слави роденден. Тинејџерката вели дека нејзините родители ѝ се најголема инспирација и поддршка во ова што го работи.

Сподели на Facebook
пати видено