Понекогаш само една фотографија може да разбуди многу емоции во зависност од тоа дали шири радост или пак тага. Во автобусот во Западен Јоркшир се качин еден необичен патник.

Кучето се качило во автобусот 620 и седнало само и почнало да се вози. Тажниот поглед на кучето им посочил на сите дека најверојатно се изгубило и бидејќи и порано се возело во автобус се обидува да се врати дома.

Џема Бартон која била во автобусот во моментот кога кучето се качило одлучила и да го фотографира, таа вели: „Се качи во Берли. Таа се обиде и да се симне од автобусот во еден момент, но беше на магистралниот пат, така што ја натеравме да остане во автобусот и некој остана со неа во автобусот пред да се симне во Бредфорд клучката.“

Симпатичното куче потоа било однесено во шинтерница каде ќе остане една недела давајќи му на сопственикот време да се појави и да ја бара. Управникот на шинтерницата вели дека кој и да е сопственикот најверојатно не му недостасува толку многу затоа што веќе поминале 48 часа без да ја побара. Тој вели дека доколку не се појави со задоволство ќе му побараат нов дом на животното.

Сподели на Facebook
пати видено