Домот е местото каде што живее љубовта, каде се создаваат спомени, а семејството се чувствува добредојдено, или сепак поговорката е таква.

Некои го наследуваат, други го купуваат, а има и такви што го градат со свои раце. Зак Бут и Никол Лопез се оној вид на луѓе кои се свои раце и со помошта на роднини и пријатели си го изградиле гнездото.

Но, тие не изградиле куќа како што би претпоставиле. Тие изградиле Јурта (шатор-дом кој го користеле номадските племиња во Азија), која е достојна за 21-виот век и изгледа неверојатно. Јуртата опфаќа 70 метри квадратни и додатна спална од 20 метри квадратни.

Тие велат дека самата структура ја изградиле за една недела со помош на семејството и пријателите, но останатото време им било потребно за санитарните работи, уредувањето, заштитата и слично. Нивната мала оаза се наоѓа на околу 20 минути надвор од центарот на Портланд. Погледнете како се одвивала изградбата:

Сподели на Facebook
пати видено