Американецов решил да ја искористи ситуацијата со снежното невреме и да заштеди струја

Оваа година Американците беа буквално затрупани од снег. Кога метеорологот ја отворил вратата од својот дом, видел дека нема да може да излезе од снегот кој го затворил влезот. Но, тој и во тоа видел нешто добро. После напорна работа со лопатата, секој би сакал да се освежи со пивце. Но, што ако фрижидерот е […]

Кога луѓето ќе се здружат и планини може да поместат!

Кога луѓето ќе се здружат и планини може да поместат!

Безбедносната камера од кинеската провинција Жеџианг снимила група храбри и одважни луѓе кои со здружени сили ја извлекле жената заробена под една кола. Жената се заглавила кога скутерот на кој се возела удрил во колата. Хуманост која заслужува секоја почит!  

Откако падна првиот снег, оваа панда не може да му се изнарадува. Кадри кои ќе ве потсетат дека и ние луѓето сме рожби на природата

Откако падна првиот снег, оваа панда не може да му се изнарадува. Кадри кои ќе ве потсетат дека и ние луѓето сме рожби на природата

Џиновската панда Да Мао од зоолошката градина во Торонто не може да му се изнарадува на снегот. Безбедносните камери ја снимиле мечката како радосно потсконува и се прпелка во првиот снег пред неговото живеалиште. Едно време дури подзастанува и почнува да џвака снег.  

Наместо да бега и спасува жива глава од големата бела ајкула, човеков реши да ја гали?!

Наместо да бега и спасува жива глава од големата бела ајкула, човеков реши да ја гали?!

Големата бела ајкула не е нешто со што би требало да си играте. Практично тоа е најсмртоносното водно животно. И покрај тоа што човекот не е нивното омилено јадење, овие суштества се едни од најодговорните за напад на ајкула врз луѓе. Кога ќе видите како овие убиствени машини пливаат кон вас, првиот инстинкт е да […]

Стогодишна жена за првпат во својот долг живот го гледа океанот

Стогодишна жена за првпат во својот долг живот го гледа океанот

Руби Холт добила предвремен роденденски подарок само неколку седмици пред нејзиниот 101 роденден. Руби за првпат во нејзиниот живот доби можност да допатува до брегот и да ги брцне нозете во водите на океанот. Поголемиот дел од нејзиниот живот таа го минала во руралниот дел на Тенеси, собирајќи памук и одгледувајќи ги нејзините четири деца […]

Гледајте го прекрасново девојченце како игра на песна од Тејлор Свифт

Гледајте го прекрасново девојченце како игра на песна од Тејлор Свифт

Петгодишната Рајли е родена со ахондроплазија, здравствено нарушување кое резултира со спреченост во развојот на екстремитетите, додека остатокот од телото расте нормално. Но, ова воопшто не ја спречува малата Рајли да ужива во танцувањето. Гледајте како неодоливото девојче танцува на песната „Shake It Off“ на Тејлор Свифт.

Заробен во виртуелна реалност 28 дена, уметников ја истражува природата на идентитетот

Специјалните очила и слушалки кои изолираат од стварноста и го пренесуваат корисникот во еден друг виртуелен свет го поплочиле патот за технологиите како Google Glass и GoPro. Технологии кои нудат нови можности но и покренуваат нови прашања за начинот на кој ги восприемаме нештата и идентитетот како феномен. Ако светот го доживуваме со очите на […]

Современа куќичка на дрво која комбинира толку многу прекрасни нешта во еден минималистички изглед

Среде една шума во Германија има нешто на што ќе завидува секое дете, а и многу возрасни, бидејќи е триумф на модерноста и минимализмот. Се работи за куќичка на дрво. И покрај тоа што ви се чини за релативно мал простор, сепак е сосема доволно да се чувствувате удобно во неа. Навистина прекрасен начин за […]

Овие постари луѓе веројатно воопшто не се свесни што пишува на облеката што ја носат

Постарите луѓе на фотографиите подолу можеби ќе ви се чинат како мирни и достоинствени старци, но додека да видите што пишува на нивните маици. Зошто воопшто ги носат? Во некои случаи веројатно се работи за искажување на нивниот смисол за хумор, во други можеби се работи за непознавање на англискиот јазик, но како и да […]

Оваа Буба е украсена толку богато, што просто не може да се опише со зборови

Некои семејства во слободното време играат табла или карти, други гледаат филмови. Но за две семејства од централно Мексико украсувањето автомобили е основен дел од нивното „семејно време“. Иако на прв поглед звучи чудно, резултатот е навистина вонземен, постигнат со многу љубов и внимание. При украсувањето биле употребени околу 2 милиони парчиња стаклена мониста и […]

Психоделичното сликарство на уметникот Брус Рајли

Уметникот Брус Рајли од Чикаго ги покрива сликарските платна со апстрактни органски форми од слој по слој нафрлена боја и смола. Гледајќи ги неговите дела онлајн е тешко да се согледа длабочината на секое дело, во кое светлината може да навлезе од повеќе агли, правејќи сенки длабоко во сликата. Рајли создава употребувајќи повеќе експериментални техники, […]

Тешко е да се поверува дека некој би ги напуштил овие ремек-дела од замоци

Верувале или не, замоците кои ќе ги видите се целосно напуштени. Можеби ќе си помислите „зошто некој би сакал да напушти замок?“ Но сосема е логично кога ќе си помислите што сѐ е потребно за нивното одржување. Ако ништо друго, трошоците за затоплување се сосема доволни да ви ја убијат желбата да се чувствувате како […]

Заглушувачка мистериозна бучава прогонува луѓе од целиот свет

Уште една мистерија која го изненади светот и научниците имаат потешкотии да ја објаснат. Успеала некои луѓе да доведе до работ на лудило, а нема објаснение, ни лек, ни третман за овој проблем. Што може да е причината за ова? Некаква епидемија? Не сосема. Бучавата Луѓе од целиот свет (главно од селските области) известиле дека […]

Професор во средно на своите ученици им дава моќна лекција за привилегираноста. Задолжително погледнете, ќе научите многу!

Ако го читате ова, веројатно уживате во доста привилегии за кои можеби не сте ни свесни, бидејќи тие нешта ги примате здраво за готово. Тешко е да се разбере и доживее тоа, дури и за возрасните, но еден професор нашол прекрасен начин нагледно да им го објасни на неговите ученици. Не испуштајте ја оваа брилијантна лекција!

7 јадења за кои не сте знаеле дека потекнуваат од Кина

Кина е најстарата цивилизација со континуитет, така што воопшто не е за чудење тоа што некои кинески рецепти влегле во историјата. Некаде околу 300 г.пр.н.е. Кинезите станале вистински мајстори за тестенини, па така јадења слични на шпагети и пица веќе кружеле низ Азија. Во следниов прилог ви претставуваме некои современи прехранбени производи коишто влечат корени од кинеските јадења.

Срцезатоплувачка приказна за Лео, парализирано куче најдено на плажа во Тајланд

Кога сочувствителната патничка од Канада, Меган Пенман, го открила ова кутро кученце како ги влече неговите парализирани нозе на една плажа во Тајланд, знаела дека едноставно мора да му помогне, по секоја цена. Така започнала убавата и надежна приказна за кутрето Лео, параплегичниот скитник кој бил донесен во Канада, каде што нашол нов топол дом […]

Нормална барбика која ќе помогне девојчињата да се чувствуваат добро во своите тела

Жал ни е Барби, но во градот пристигна нова кукла, која е со пропорции кои навистина можат да се најдат помеѓу луѓето. Лемили е 19-годишна девојка која има тетоважи, пеги, стрии и кршени коски како и сите ние. Создателот на Лемили, Николај Лем, е на мисија на малите деца да им покаже дека и просечното […]

Вушу е боречка вештина која ги комбинира брзината и вештината во една неверојатна изведба

Вушу е боречка вештина која ги комбинира брзината и вештината во една неверојатна изведба

Вушу е традиционална кинеска боречка вештина и спорт кој го комбинира фул контакт пристапот на боречките вештини со прекрасна кореографска прецизност на балет. Движењата на спортистите се однапред испланирани, но тоа не значи дека е полесно од боречки меч. Всушност, кога ќе ги изгледате видеата, изгледа и потешко, бидејќи со едно погрешно движење и нештата […]

Неверојатна компанија детските цртежи и чкрапаници ги претвора во вистински играчки

Прекрасната компанија за играчки наречена „Бадсис“ е подготвена да ја прифати секоја детска чкртаница како идеја и да ја претвори во вистинска играчка за детето кое ја нацртало. А ако детето не може да изнајде свој сопствен дизајн, на веб страницата на компанијата се поместени најразновидни обрасци дизајнирани од страна на илустраторот Ехен Едмудсон, коишто […]

Огромен, необичен графит на уличниот уметник Блу во Рим

Италијанскиот уличен уметник Блу само што ги завршил овие џиновски мурали врз две страни од една зграда во Рим. Во делата искористува 48 прозорци како усти и очи за 27 лица кои го привлекуваат вниманието на секој минувач. Можете да видите повеќе детали на неговиот блог, како и самите да се прошетате околу зградата со помош на Google Street View.

Неверојатно откритие по спуштањето на сондата Филае на површината на кометата 67Р!

Спуштањето на сондата Филае на површината на кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко е голема новост за истражувањето на вселената и разбирањето на кометите. Сте ги виделе сликите мраз, камени честички и прав во спирални структури врз темната позадина која се протега во вселената. Благодарение на овие слики, знаеме како навистина изгледаат. Но знаете ли како звучат? Да, оваа […]

Најголемиот крокодил фатен на Филипините е повеќе од страшен

Ако се суди според сите диви животни кои досега биле фатени на (или близу) островите, животот на Филипинците не е лесен. Џиновските ајкули човекојадци не се единствените чудовишта за кои треба да се грижат, тука се и чудовиштата на суво. Запознајте се со џиновскиот филипински крокодил. Во 2011, жителите на едно мало село близу Манила, […]

Живеам крај планинскиот венец Татри во Полска и обожавам да ги фотографирам планините

Моето име е Марчин Кенсек. Јас сум 27-годишен фотограф од едно мало село во јужниот дел на Полска, наречено Гронков. Живеам во прекрасно место во близина на планините Татри, Пјенини и Горце. Пред неколку години решив да ги сликам овие прекрасни околини во вистинското време и најдобрата можна осветленост. На тој начин се роди мојата […]

Можни проблеми со кои би се соочиле при евентуално патување низ времето

Патувањето низ времето звучи навистина привлечно. Би можеле да ги исправите историските грешки, да станете милионер, да станете најдобриот и најточниот историчар знаејќи што точно се случило во минатото. Супер, нели? Па, не. Бидејќи кога навистина би откриле како да патуваме низ времето би налетале на серија сериозни проблеми. Бргу ќе остареете Ако го напуштите […]

Прегладнето куче минува низ крајни маки пред да најде семејство кое ќе се грижи за него

Фотографот на CANDi International, Трејси Бајс, наишла на едно особено куче по име Луна во Бонфил, Мексико. Кога Трејси го нашла кутрото куче, тоа буквално било кожа и коски. На Луна очајно ѝ била потребна помош, па така Трејси успеала да го убеди сопственикот да ѝ ја препушти грижата за кучето. По прегледот од страна […]

Силен електричен удар на овој ученик му дал „натприродна моќ“ како на Магнето од Иксмен. Но предупредува дека „нема многу контрола врз моќта“.

Дванаесетгодишен ученик кој за малку ќе загинел од силен електричен удар сега тврди дека искуството на блиска смрт му дало натприродна моќ како на Магнето од Иксмен. Несреќата се случила кога Николај Крјаглјаченко се враќал од училиште и се потпрел на на електричен столб кој бил погрешно ожичен и спроведувал струја, и од силниот електричен […]

Пред да решите да се тетовирате, задолжително видете ги овие луди 3D тетоважи!

Уметноста на тетовирањето е напреднато до таа мера што уметниците веќе можат да создадат убедителни, готово фотореалистични оптички илузии врз кожата на нивните клиенти. Тетоважите на оваа листа се само неколку од генијалните коишто речиси оживуваат на кожата на носителот.

Девојка изведува гимнастичка претстава за љубопитниот делфин кој ужива во секоја секунда од неа

Бони Ана Керлин е танчерка при „Universal Studios“ во Орландо, Флорида. Еден ден решила да изведе импровизирана гимнастичка претстава за еден делфин во Морскиот свет на Орландо. Љубопитниот делфин застанува среде пливање и се загледува во акробациите кои ги прави Бони, чинејќи се дека се смее и клима со главата. Набргу поминуваат и други делфини кои […]

Верверичка краде GoPro камера за да го снима својот живот на дрвјата

Верверичка краде GoPro камера за да го снима својот живот на дрвјата

Факт: дивите верверички се немирни филммејкери. Благодарение на умниот трик на YouTube корисникот Вива Фрај, кој закачил парче леб на камерата како мамка, гладната верверичка ја понела лесната камера со која подоцна снимила дел од своите авантури на дрвјата. На крајот малиот глодар ја испуштил камерата на земја, откако го изел лебот, но Вива Фрај […]

Ова куче ќе ве трогне кога ќе видите што направи за неговиот сопственик

Врската помеѓу човекот и неговото куче е нешто што е вонвременско, почнувајќи уште од времето кога нашите предци се криеле по пештерите во Европа. Кога 85-годишниот ранчер од Тексас, САД, Џ.Р. Николсон бил одведен со амбулантна кола во болница, ништо не можело да го спречи неговото куче Бади. Кога болниот ранчер побарал од медицинските лица […]

+