Спуштањето на сондата Филае на површината на кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко е голема новост за истражувањето на вселената и разбирањето на кометите. Сте ги виделе сликите мраз, камени честички и прав во спирални структури врз темната позадина која се протега во вселената. Благодарение на овие слики, знаеме како навистина изгледаат.

desktop-1416519180

Но знаете ли како звучат? Да, оваа комета испушта звук – таа пее.

Но, првин малку да објасниме. Каменестата структура на која слета Филае е јадрото на кометата. Кометите се опкружени со гас, плазма и прав кои на набљудувачите од Земјата им ја пружаат карактеристичната глетка на комета со опашка. Плазмата е четвртата состојба на материјата и е гас кој спроведува електрицитет и може да содржи магнетски полиња и електрични струи. Кометата 67Р има „атмосферска“ плазма која ја опкружува. Проучувајќи ги взаемните односи на кометата, нејзината плазма и сончевите ветрови (коишто исто така се плазма која ја испушта сонцето), научниците откриле нешто изненадувачко.

Кометата 67Р испушта „песна“, т.е. образец на звуци кој се повторува, предизвикан од осцилациите на нејзиното магнетно поле. Овие осцилации биле забележани од космичката сонда „Розета“ опремена со пет инструменти дизајнирани специјално за проучување на плазмата (Rosetta’s Plasma Consortium -RPC). RPC ги регистрирал звуците на 11 ноември, ден пред Филае да се спушти на површината на кометата. „Песната“ е на фреквенција од 40 до 50 милихерци, што е прениско за човечкото уво. За да може да се чуе, фреквенцијата била зголемена за фактор 10.000.

Сепак, научниците сѐ уште не можат со сигурност да утврдат на што се должи ова. Основната претпоставка е дека песната е предизвикана од активноста на кометата. Исто така, звуците испуштаат неутрални честички во вселената кои потоа се јонизираат, но сѐ друго во врска со мистериозните звуци останува мистерија која допрва треба да биде решена.

Сподели на Facebook
пати видено