Охридските полицајци ќе ви одржат една лекција по престигнување на полна линија и вклучување на кружен тек

Барем да ги пуштеше светлата, ама изгледа забрането им е да прават вакви работи. Автор: И.А.

Вие најдобро знаете што рече Камчев кога му дојдоа рекетарите?

Ви прикажуваме неколку смешни верзии, а вие надополнете во коментари.

Млад женски вандал од Битола

Која е поентата да правиш вандализам и да споделуваш на социјалните мрежи? Која е причината за ваквото однесување? Згрешивме ли нешто со воспитувањето на децата?

Ставре од Охрид си купил Лада, втор газда, за со неа да стане славен на интернет

Според неговото прво видео, можеме да кажеме дека со ваква Лада и со неговата смисла за хумор е на вистинскиот пат кон славата.

Цените во Охрид „малку летнаа“ откако туристи добија сметка од 50.000 денари за ручек!

Охрид често е критикуван поради високите цени, а особено фиктивните кои се измислуваат за странските туристи кои доаѓаат во посета на градот. Сепак од мало покачување до вртоглава сметка има голема разлика. Неодамна еден турист од странство се пожали за „огромната сметка“ во ресторан во Пештани.

И како што е ред, Вардар си доби народњачка химна, во изведба на фолк пејачот Влатко Алексовски

Песната е издадена за македонска издавчка куќа од Австралија.

Интересен момент од одморот на еден Македонец во Ријека, Хрватска

Хрватките кога ќе се опијат се однесуваат многу чудно. Ова го нема кај нас :).

Пријателот од Зимбабве има една порака до сите Македонци

Жарко Митев работи на бродот “Викинг Јупитер”, а ова е неговиот колега од Зимбабве.

Ако Македонија продолжи како што тргнала, овие 16 луѓе ќе бидат единствените жители во 2050 година

Во Македонија очигледно најубаво е да си политичар или пак пензионер, а комбинација од овие две звучи како да „нема зима“ во сега нашата „постудена“ држава.

Екслузивно видео: Што кажа Боки пред истражниот судија?

„Нек ми ставе окове, нека ме заробе, робиња сам твоја…“ хахаха.

Старо железо не се собира со нови гуми! Македонска „икономија“ на дело!

Сосема случајно, авторот Оливер Мирчески ја погодил и музиката за видеото.

Лоша пијанка има битолчанецот, открива дека има способности на вампир и ги гледа мртвите?!

Ни телевизор не е за секој, а камо ли кабелска и интернет :).

Македонскиот рибар се зарадува на уловот, но за кратко, затоа што и некој друг решил да ја јаде истата риба

Автор на видеото е Марјан Симиќ.

Како еден тврдокорен македонски патриот од Битола, отиде на плажа во Грција?

Автор на видеото и на подвигот е Горан Божиновски – Менгеле.

Фраерите му вградиле македонска клима на старото Рено 4-ка

Климата е од марката „PRO-Maya“ и функкционира беспрекорно. Колку побрзо возиш, толку повеќе дува.

Оваа кавадаречка кокошка нашла паметен начин како да се разлади од летната горештина

Газдата прво мислел дека се случила некоја несреќа, а таа всушност само малку си задремала на сонцето :).

Козата мрази кога некој ја имитира и реши да му го дотера умот

Еве зошто на село не треба да си ја светнувате колата :).

Рецептот на штипјанецот Благојчо за успешна гeј пaрaда во Скопје

Рецептот е типично Балкански, на база на масло и воопшто не е според правилата на современата европска кујна.

Кочански шофер на годината!

Гајби нарепал нема дека да седне!

Македонската полиција во обид да запре возач на автопат кој гази со 260 на час

Еве зошто нови автопати не се за стари будали! Ме изненади оптимизмот на полицаецот, кој со цел памет мислеше дека ќе му запре :).

Како прилепчанецот Драган си влегува во автомобилот?

Драган-Гаго веќе ни е познат и по други паркур трикови, кои можете да ги погледнете овде.

Дневна доза дрога: Ода за метлата на Заев

Ја слушнав повозрасната госпоѓа неколку пати, затоа што не ми се веруваше што слушнав и ми останаа неодговорени две прашања. „Што јадела за ручек?“ и ако не се некакви печурки, второто прашање е „На каква дрога е?“

Слушајте ги старите луѓе! Тие преживеале секаква власт и поминале сито и решето

Порано немаше училишта, но комшијата го чувавме. Сега не можеме да се спасиме од учените крадци! Е затоа не нѐ бива!

Битолските „клабери“ ја отворија летната сезона на Широксокак

Летото само по себе е доволна причина за славење, а уште па и кога има добра музика и убава опуштена атмосфера како на Широксокак…

Кога ќе ти тргне бизнисот со старо железо, стари акомулатори, стари шпориња и отпадни работи (Негорци, Гевгелија)

Видеото е снимено во село Негорци, Гевгелија. Актерите во него се непознати.

Ми протестирамо против Македонски комјутер!

Добро е што знаат зошто се тука и што се свесни дека развојот на вештачката интелигенција во 21 век е голема закана за целото човештво.

Камионџија ја коментира колоната од возила на Македонци што одат за Грција, кај кумовите на продолжен викенд

За тоа дека никој не ни е крив што се доведовме во ваква ситуација е сосема во право. Проблемот е што политичарите не доведоа во ситуацијата. Повелете на коментари и вие што одите во Грција и вие што никогаш не сте стапнале. Автор: Живко Петров

Ако стигнат до отпадот во Велес, ќе има парички од старо железо

Којзнае дали го виделе тркалото или си мислат од коњот вака им потскокнува колата.

Каква музика слушаат скопјани, додека шетаат низ градот?

Вакви видеа беа популарни пред неколку години, но секогаш е интересно кога ќе се ѕирне малку во приватноста на другите луѓе.

Со уметност до безбедност: Битола го доби првиот 3Д пешачки премин кој ќе биде од полза и за возачите и за пешаците

Во голмите градови низ европските земји не е невообичаено да се гледаат 3Д пешачки премини по кои пешаците безгрижно се движат. Битола се приклучи на овој тренд и сега битолчани ќе можат да уживаат во истата „привилегија“.

+