Тоше Проески ќе се памети како голем човек, хуманист, одличен пејач и најсветлата ѕвезда на нашето небо. Тој загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Но и по толку години ликот и делото на Тоше никој не го заборава. Затоа неколкумина кавадарчани одлучија на најубав можен начин да му оддадат почит.

Драган Јованов, Тони Стефанов, Марјан Хаџи Мустафов, Ѓоке Белевски, логистички помогнати од Диме Коцевски патуваа 1050км од местото на кобната несреќа во Хрватска, па се до родното место на Тоше, Крушево. Акцијата која се организира по втор пат започна на 12, а заврши на 21 септември.

Четворицата велосипедисти пред да тргнат од Нова Градишка положиле цвеќе во спомен плочата, која во чест на Тоше е поставена во училиште на само 20 метри од местотот каде со хеликоптер беше пренесено телото на Тоше од Нова Градишка до Крушево.

Диме Коцевски, одговорен за логистика ни раскажа малку повеќе за акцијата: „Првата етапа е Нова Градишка – Винковци и е околу 150 км. Се преноќува во Винковци и околу 8 наутро почна втората етапа од Винковци до Шабац, со ноќевање, па продолживме од Шабац до Чачак. Четврта етапа беше Чачак – Алексинац каде имавме две ноќевања поради неповолни временски услови. Петтата етапа беше од Алексинац до Врање, шестата Врање – Кавадарци и на крај седмата етапа Кавадарци – Крушево каде четворицата херои ја посетија Спомен Куќата на Тоше и по средба со луѓето од фондацијата и дел од семејството Тоше се вратија во Кавадарци, успешно завршувајќи ја по втор пат оваа спортско – хуманитарна акција „Од Срце За Тоше“. Огромна благодарност до Фондацијата “Тоше Проески” до неговото семејство, до градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и советот, и до сите спонзори и помагатели без кои оваа иницијатива би била невозможна.“

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено