Откако од ислам преминале во христијанство, ова семејство е малтретирано, гонето од својот дом, и тоа не во некоја муслиманска земја – ТУКУ ВО АНГЛИЈА!

Ова семејство кое преминало во христијанство, екстремни муслимани веќе по вторпат ги гонат од нивниот дом. Нисар Хусеин, неговата жена Кубра и нивните шест деца велат дека претрпеле страшни маки од рацете на нивните соседи кои ги сметаат за богохулници.

Од испреплетените гранки на буките во Северна Ирска, до улиците покриени со цветови во Јапонија – најубавите тунели од дрвја во светот

Кога природата се разгранува – тоа е вистинска магија. Било да се формирале сосема случајно, или со мала помош од човечка рака, најубавите тунели од дрвја во Европа, Америка и Азија се глетка која навистина заслужува да се види. Еве некои од најубавите примери.

Стари фотографии откриваат како аниматорите на Дизни употребиле жив модел за да ја нацртаат Алиса во Земјата на чудата

Кетрин Бумон, актерката која го позајмила гласот на Алиса во „Алиса во земјата на чудата“ на Дизни, како и на Венди во „Петар Пан“, исто така послужила и како модел на аниматорите. Овие стари фотографии покажуваат колку многу напор и труд биле вложени во класичните анимации на Дизни, при што аниматорите можеле да изработат анимации во траење од само 23-24 секунди неделно.

Овие 10 сирачиња решиле да ја поделат и таа малку храна што ја имаат со нивните 10 кучиња

Малиот парк Робиндра Шоробд во југозападниот дел на Дака, Бангладеш, е дом на околу десет деца бездомници. Бездомници коишто просат, собираат пластични шишиња и ги продаваат за рециклирање, и што е најинтересно, секој грам храна кој ќе го заработат го делат со десетте кучиња коишто живеат со нив.

Дебела жена којашто ослабела 90 килограми го покажува своето ново тело, 5 дена по 9-часовната операција за отстранување на вишокот кожа

Жената од Нов Зеланд, којашто ги наполни насловните со тоа што успеала да ослабне деведесет килограми за помалку од една година – и потоа ги замолча сите кои ја нарекоа лажливка со тоа што објави свои фотографии со вишокот кожа кој ѝ останал – најпосле ја покажа својата нова фигура по деветчасовната операција за отстранување на вишокот кожа.

Астероидот кој ги убил диносаурусите имал помош од вулканите, вели најновото истражување

Многу научници долго сметале дека за ненадејното масовно изумирање на диносаурусите има само еден виновник – астероид кој долетал од небото пред некои 66 милиони години. Но, се чини дека астероидот можеби имал и соучесник.

Запознајте се со Цаатан номадите од Монголија кои живеат како никој друг

Припадниците на народот Цаатан се одгледувачи на ирваси кои живеат во Ховсгол, северната покраина на Монголија. Потекнувајќи од преку границата, од тоа што сега е републиката Тува во Русија, Цаатанците се една од најголемите групи на номадски одгледувачи на ирваси во светот. Тие опстојале илјадници години населувајќи ја најоддалечената субарктичка Улаан тајга, селејќи се пет до десет пати годишно.

Оригинална самоука уметничка од Полска употребува паднати лисја како платна за нејзините слики

Лисјата со кои есента слика во прекрасни црвени, жолти и портокалови бои веќе сами по себе се уметност, но Јоана Виразка, уметница од Полска, ова го крева на повисоко ниво, употребувајќи ги лисјата како платна за нејзините колоритни слики.

Дали е откриена тајната за вечниот живот? Руски научник тврди дека е посилен и поздрав откако си вбризгал инекција со бактерија стара 3.5 милиони години

Контроверзен руски научник си вбризгал инекција со „вечна“ бактерија, стара 3.5 милиони, најдена во сибирскиот мраз – и вели дека сега е посилен и никогаш не се разболува.

16-годишник искомбинира инвалидска количка и количка за бебиња, за оваа мајка инвалид да може да си го шета бебето надвор

16-годишник искомбинира инвалидска количка и количка за бебиња, за оваа мајка инвалид да може да си го шета бебето надвор

Шарина Џонс била застрелана кога имала пет години и ја загубила способноста да ги употребува своите нозе. Триесет години подоцна, кога го очекувала своето прво дете, почнала да се прашува како би можела да го шета додека е во својата инвалидска количка.

55-годишна жена се oмажила за 26-годишно момче со кое се запознала откако случајно му испратила SMS

Двојка од Мисури тргнала против сите стереотипи кога откако се запознале преку случајно испратена текстуална порака, три години подоцна си размениле прстени и покрај возрасната разлика од речиси триесет години.

Активисти за права на животните украдоа куче од бездомник и го оставија човекот во солзи

Активисти за права на животните украдоа куче од бездомник и го оставија човекот во солзи

На интернет се појави шокантна видео снимка која прикажува како француски активисти за права на животните на сила одземаат куче од бездомник.

Тајните швајцарски сметки го имаат најсилното негативно влијание врз најсиромашните економии во светот

Откако на почетокот на оваа година „свиркач“ ги проследил деталите за тајните швајцарски сметки во глобалната банка HSBC, најсилните реакции дошле од силните економии, кадешто владите вложиле напор да си ги повратат средствата од даноците скриени во странство. Но, нова анализа спроведена од Колаицијата за Финансиска Транспарентност и Христијанска Помош покажува дека финансискиот удар од […]

После 50 пати „злоставување“ од атрактивната плавуша асистентка, ученикот конечно „собрал сили“ и ја пријавил

Ученик кој бил заведен од бесрамна училишна асистентка која е двапати постара од него, открива дека имале сексуален однос вкупно педесет пати – и на крајот ми рекла дека останала бремена од него.

92-годишна баба за првпат се среќава со својата 2 дена стара правнука

Скот Мартин, гордиот млад татко од државата Вашингтон, САД, ја снимил оваа прекрасна фотографија во која Мили, неговата 92-годишна баба, ја имала можноста да се запознае со Пенелопи, ќерката на Мартин, стара два дена.

Љубовен пар – глупи ограбувачи на банки, ги уапсиле отако на Фејсбук постирале селфи со украдените пари

Дали ова се најглупавите криминалци на сите времиња? Сосема веројатно.

Електричните автомобили од иднината ќе се полнат од патиштата

Ова најавува нов и возбдлив период на пазарот за моторни возила. Но, и покрај големиот ентузијазам, се испречува една пречка – растојанието кое можат да го минат овие возила. Таа технологија нема да биде изводлива во следните петнаесет или дваесет години, но кога ќе биде, електричните возила ќе бидат изводливо превозно решение.

Верувате ли во љубов на прв бакнеж?

Верувате ли во љубов на прв бакнеж?

Непознати луѓе се бакнуваат со врзани очи како дел од експеримент за истражување на можноста за љубов на прв бакнеж.

Ужасни слики откриваат како живеат децата мигранти во шумите и доловите низ Европа, додека бегаат од граѓанската војна во Сирија

Лежат измрзнати и исплашени во непознати кревети, или испружени на валкани душеци додека ги преживуваат сеќавањата за убиствата на членовите на нивните семејства – овие потресни фотографии покажуваат каде сѐ децата бегалци од Сирија се приморани да преспиваат.

Моќни пред-и-потоа портрети на деца кои биле родени како недоносени

Во зависност од тоа кога биле родени, предвремено родените бебиња се соочуваат со низа тешки битки. Најчесто нивните органи не се целосно развиени и мораат да бидат приклучени на апарати за интензивна нега сѐ додека не се развијат доволно. Таквите апарати не ретко знаат да ја искомплицираат работата, особено со видот и слухот на децата. Како што фотографот Ред Метот од Квебек ни прикажува во својата фото-серија „Les Premas“, недоносчињата често успеваат да ги надминат многуте предизвици и да опстојат!

Прекрасната 2-месечна трансформација на кучето на умирање најдено на улица

Ова болно куче било најдено од страна на индиската организација „Animal Aid Unlimited“. Страдало од шуга и сосема очигледно долго време немало контакт со луѓе. Го однеле во нивното засолниште и се обиделе да го заинтересираат да касне малку храна.

Јапонски дизајнери создадоа безимени бои за да го сменат начинот на кој децата ги учат боите

Има Мотеки, дизајнерско дуо од Јапонија, создаде комплет од безимени бои кои целат кон тоа целосно да го променат начинот на кој децата ги учат и размислуваат за боите. Наместо да употребуваат имиња, секоја тубичка со боја е означена со „равенка“ која покажува кои примарни бои се употребени и во кои пропорции за да се добие бојата во тубичката.

Приказната за Нала, најпознатата мачка на Инстаграм, која има 2.3 милиони следбеници

Сопствениците на ова прекрано маче со слатко заоблени очи го дале во засолниште за животни уште кога било мало маченце. За среќа, било посвоено од Варисири Матачитифан и сега може да ужива и преде во својот совршен мачешки живот.

Татко муслиман ја задавил својата 19-годишна ќерка како „убиство заради чест“ откако била фатена како крадела кондоми

Маж муслиман признал дека ја задавил својата деветнаесетгодишна ќерка со неговите сопствени раце откако од полицијата дознал дека била фатена како краде кондоми за да има секс со своето момче од Германија со кое родителите не ѝ дозволувале да има врска.

Можете ли да се препуштите на уживањето во калорични торти и сепак да имате бикини тело? Оваа 68-годишна жена тврди дека може!

На 41-годишна возраст на Каролин Харц ѝ била дијагностицирана состојба пред дијабетес после долги години на јадење изобилни количества храна богата со шеќер. Сега, 68-годишната мајка на три деца од Перт, Австралија, се чувствува поздраво од било кога, игра кошкарка и може да се пофали со тело на кое сите можат да ѝ позавидат.

Теоретските астрофизичари откриле милиони планети на кои има подобри услови за живот отколк што сме мислеле

Ловот по вонземјани е во подем, откако теоретските астрофизичари откриле дека милиони планети кои порано биле отфрлени како негостољубиви средини всушност би можеле да бидат сосема погодни за развој на вонземјански живот.

5 животни кои се во опасност од целосно изумирање (освен ако не ги заштитиме)

Планетата земја, дом на милиони и милиони различни видови на животни и растенија, ги губи тие видеови со алармантна стапка. Неодамна дознавме дека Земјата минува низ шестото по ред масовно изумирање. Иако ова е сосема природен циклус низ кој минува Земјата, се случува 114 години порано отколку што би се случил во нормални услови. Ова многу луѓе ги наведува на мислата дека нашите дејства директно влијаат врз тој циклус.

Успешната приказна зад Реан и неговиот модел, 75-годишната жена од Виетнам

Сето тоа започнало летото во 2011 во Хои Ан. Фоторепортерот Реан, кој во тоа време бил турист со големо интересирање за Виетнам, се запознал со Буи Ти Ксонг, жена од Виетнам која во времето на нивното запознавање имала 74 години.
Ова е неверојатната приказна за постарата жена од Виетнам која станала икона на Виетнам откако позирала за францускиот фотограф.

Астронаут вели дека НАСА денес можеби ќе објави дека на Марс има вонземјански живот

Според соопштение за мадиумите објавено од НАСА минатата недела, агенццијата за денес планира да објави важна вест за нивното истражување на планетата Марс. Досега се соопштени мал број детали за нивното откритие, но го најавуваат како решение за вековната мистерија.

Најслатката одмазда! 17-годишниот дислексичен претприемач когошто во училиште сите го зафркавале, сега се готви да стане милионер!

Велат дека успехот е најдобра одмазда, а тоа со сигурност важи за младиот претприемач Оли Форсајт. Седумнаесетгодишниот бизнисмен во подем на училиште толку го зафркавале и се подигрувале со него што сакал да си го одземе животот, но сега по онаа старата поговорка – кој последен се смее, наслатко се смее – петмина од неговите соученици го замолиле да им даде работа или да им помогне и тие да ги развијат своите бизниси.

+