Непознати луѓе се бакнуваат со врзани очи како дел од експеримент за истражување на можноста за љубов на прв бакнеж.

Во овој возбудлив социјален експеримент, Џордан Орам, кинематограф од Торонто, побарал од луѓе кои не се познавале помеѓу себе да си ги врзат очите и да се бакнуваат. И порано се изведувале слични експерименти, но во видеото Орам објаснува дека „никогаш не била посочена причината зошто луѓето се бакнуваат… Причината зад бакнежот: што ако се сретнете со личност во која ќе се вљубите после првиот бакнеж? Што ако чувството е како при вашиот прв бакнеж во животот? Како би било да се сретнете со некого, да се бакнете и потоа да се запознаете и да почнете да ја развивате врската.“ Некои моменти од видеото ќе направат да си ги покриете очите, но во неккои буквално летат искри.

Сподели на Facebook
пати видено