Шарина Џонс била застрелана кога имала пет години и ја загубила способноста да ги употребува своите нозе. Триесет години подоцна, кога го очекувала своето прво дете, почнала да се прашува како би можела да го шета додека е во својата инвалидска количка.

По некоја случајност. Ален Кејнм, средношколец од Детроит, запишан на курс по специјален дизајн, се запознал со Џонс и си поставил задача да дизајнира комбинација помеѓу инвалидска и бебешка количка, за мајката да може да го шета своето бебе како и другите мајки.

„Беше одлично да се запознаам со неа и да разговараме за тоа што сака таа и што не сака.“ раскажува Кејн. „Тоа многу ми помогна за да ја осмислам употребливоста на уредот, каде да се стави торбичката со пелени, дали да може да се закачува и откачува количката и како таа би можела се движи во количката.“

Погледнете го следното видео за повеќе детали:

Сподели на Facebook
пати видено