Велат дека успехот е најдобра одмазда, а тоа со сигурност важи за младиот претприемач Оли Форсајт. Седумнаесетгодишниот бизнисмен во подем на училиште толку го зафркавале и се подигрувале со него што сакал да си го одземе животот, но сега по онаа старата поговорка – кој последен се смее, наслатко се смее – петмина од неговите соученици го замолиле да им даде работа или да им помогне и тие да ги развијат своите бизниси.

br01

Оли, кој живее од Пјури Енд, во Нортхемтоншир, Велика Британија, е цврсто решен да стане милионер додека да наполни дваесет години. „Одев во училиште за деца со посебни потреби што ми помогна со мојата дислексија и беше фантастично.“, вели тој. „Потоа се префрлив во училиште во Дорсет кадешто ги поминав најлошите три години од мојот живот, постојано малтретиран надвор и на интернет.“

Оли на никој не му кажал за проблемите, сѐ додека конечно не собрал храброст и му се доверил на училишниот советник кој е од Америка и кој му кажал: „Едноставно мора да се решиш и еден ден ќе бидеш милијардер, пријателе мој.“

br02

„Тоа е тоа што ме доведе до успехот. Толку многу ме зафркаваа што сакав да му ставам крај на својот живот, но, си реков на себеси – еден ден ќе бидам милионер и тие силеџии ќе работат за мене!“

И излегол во право. Не дозволувајќи да го расколебаат маките на училиште, младичот се свртел кон бизнисот и бил решен да успее, сметајќи го шефот на Вирџин, сер Ричард Бренсон, за свој идол.

br03

Својот прв бизнис го започнал кога имал тринаесет години, е-продавница наречена „Продавницата на Оли“ и уште во првата година свртел профит од 13.000 фунти. Оттогаш продавницата свртува профит од 30.000 фунти годишно и со секоја година износот се удвојува.

Оли раскажува: „Мојата претприемачка кариера започна кога имав шест години и на моите родители им направив чај и кафе и за тоа им наплатив по 20 пени. Не морав да плаќам за никакви ресурси, само работната рака. Имав бизнис со перална за коли, го продавав зеленчукот на моите родители, и имав киоск на училиште кој ми донесуваше заработувачка од 7000 фунти годишно.“

И како сето тоа да не е доволно, Оли се подготвува во 2016 година да издаде книга во Америка, а има и „многу други возбудливи проекти кои се готови за почнување“.

br04

Дознавајќи за неговите претприемачки способности, компании од целиот свет почнале да му нудат работа, па дури и му понудиле десет отсто од апликација чијашто заработувачка е проценета на 1.5 милиони фунти.

Згора на сето тоа, тој се подготвува да лансира креативна дигитална агенција наречена UNBXD заедно со уште еден од училиште и веќе има четириесет потенцијални клиенти, вклучувајќи и славни личности коишто покажале интерес. Номиниран е за наградата „Најголемите британски претприемачи“, а води и свое списание наречено „The Budding Entrepreneur Magazine“ кое излегува во Велика Британија, САД и Германија.

br05 br06

Тој открива: „Имам еден проект, кој за три години ќе донесе 10 милиони фунти. Еден мој пријател кој се вика Макс и јас сме ко-основачи на `Универзитетско Ѕвоно` програма за онлајн размена на која студентите ќе можат да продаваат или купуваат производи на универзитетските кампуси. На платформата ќе се регистрираат близу 1000 универзитети и прогнозите велат дека до декември следната година ќе имаме обрт од два милиони фунти, па така мојата цел може да се исполни и пред да наполнам дваесет години! Почнуваме во САД, а во октомври и во Велика Британија“.

br07

Оли често држи говори во училиштата, како начин да возврати и да даде нешто од себеси, додавајќи: „Мислам дека е навистина интересно тоа што училиштето го напуштив со не многу пријатели и не ги поминав најдобрите три години од мојот живот там, но сега учениците постојано ме замолуваат да сторам нешто за нив. Немам никаков проблем со тоа, воопшто, мислам дека тоа е супер, бидејќи на тие силеџии им докажува дека јас сепак не сум неуспех.“

br08

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено