Откако на почетокот на оваа година „свиркач“ ги проследил деталите за тајните швајцарски сметки во глобалната банка HSBC, најсилните реакции дошле од силните економии, кадешто владите вложиле напор да си ги повратат средствата од даноците скриени во странство.

Но, нова анализа спроведена од Колаицијата за Финансиска Транспарентност и Христијанска Помош покажува дека финансискиот удар од затаениот данок е далеку посилен врз економиите во развој, кои ги немаат ресурсите и механизмите да ги гонат затајувачите на данок.

КФТ ги организирала швајцарските сметки по државите од каде потекнуваат и ги споредила со годишното производство во секоја земја за да добијат подобра претстава за размерот на скриените пари. Напреднатите економии, по својата природа големи, претрпеле релативно мали загуби – фондовите скриени од затајувачи на данок од САД биле еквивалентни на 0.08% од бруто домашниот приход. Додека 13 милијарди долари сепак се голема сума на пари за да скриете во странска банка, тоа не е ништо во споредба со тоа со што се соочуваат помалите земји.

Кога ќе се погледне во листата на топ 50 земји со пари во тајните сметки на HSBC, би можеле да се издвојат следните две групи на земји: раеви за даночните обврзници и економии во развој. Поголемата листа ја сочинуваат т.н. даночни раеви, во кои скриените фондови минуваат од една до друга скриена јурисдикција пред да стигнат до своето крајно одредиште. Колку средства скриле овие земји во тајните швајцарски сметки, и каков е ефектот врз бруто домашниот приход.

Но, со многу поголем проблем се соочуваат економиите во развој, чијашто состојба е претставена во следната табела, кадешто се наоѓа и Македонија.

Сподели на Facebook
пати видено