Маж муслиман признал дека ја задавил својата деветнаесетгодишна ќерка со неговите сопствени раце откако од полицијата дознал дека била фатена како краде кондоми за да има секс со своето момче од Германија со кое родителите не ѝ дозволувале да има врска.

Асадула Кан и неговата сопруга Шазија потоа ја облекле нивната мртва ќерка која по професија е забен техничар, во нејзината облека.

ub01

Потоа ја ставиле во инвалидска количка и ја одвезле до нивниот семеен автомобил, со кој се упатиле кон изолираниот канал во нивниот град Дармштад и го фрлиле нејзиниот труп во него.

Педесет и едногодишниот Кан го признал убиството со солзи кои му се тркалале низ образите, велејќи дека тоа го сторил бидејќи во негови очи таа го обесчестила семејството со нејзината љубов со момче кое тој не го одобрувал. Тој и неговата сопруга се венчале во договорен брак и истото го сакал и за нивната ќерка.

ub02

Кан и неговата сопруга, кои потекнуваат од Пакистан, се изведени на суд под обвинение за убиство во државниот суд на Дармштад. Неговата сопруга, четириесет и едногодишната Шазиа, изјавила дека таа целосно била потчинета на својот сопруг и не можела да стори ништо за да ја спаси својата ќерка.

Ноќта кога се случило убиството, тие ја пратиле помалата ќерка, четиринаесетгодишната Нида, кај нивен роднина. Нида изјавила дека мајка ѝ била исто толк строга колку и татко ѝ. Нејзината мајка ја фатила за раце кога таа се појавила во судот, но Нида се оттргнала од неа. Потоа раскажала: „Мајка ми не беше потисната, можеше да прави што сака. И понекогаш ме тепаше со стап. Не ни беше дозволено да зборуваме за нејзиното момче, а татко ми велеше дека сестра ми треба да ја омажат во Пакистан на сила.“

ub03

Нида во моментот се наоѓа под терапија и не сака да има ништо со нејзините родители. Шазија изјавила дека нпќта кога Лариб била убиена, девојката се карала со својот татко и наводно го удрила. Подоцна тој ѝ се вовлекол во собата додека спиела, клекнал крај неа и ја задавил.

„Не можев да го запрам“, раскажала мајката на судењето. „Имам ревматизам и немав сила да му се спротивставам. Сакав да врескам, но не можев. Лариб неколку ноќи по ред ја немаше дома и престана да носи марама. Еден ден добивме писмо од полицијата во кое се велеше дека била фтена во обид да украде кондоми. Во тој момент стана јасно дека имала сексуаленконтакт. Кога му го покажав писмото на сопругот, тој пукна.“

ub04

Убиецот Асадула, кој не знае да зборува германски, изјавил дека ја сакал својата ќерка. Суденњето продолжува…

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено