Припадниците на народот Цаатан се одгледувачи на ирваси кои живеат во Ховсгол, северната покраина на Монголија. Потекнувајќи од преку границата, од тоа што сега е републиката Тува во Русија, Цаатанците се една од најголемите групи на номадски одгледувачи на ирваси во светот. Тие опстојале илјадници години населувајќи ја најоддалечената субарктичка Улаан тајга, селејќи се пет до десет пати годишно.

Ирвасите и народот Цаатан зависат едни од други. Некои Цаатанци велат дека ако исчезнат ирвасите, ќе исчезне и нивната култура. Ирвасите ги снабдуваат со млеко, сирење, месо и транспорт. Покрај тоа, тие и својата облека ја шијат со влакно добиено од ирваси, изметот на ирвасите им служи за огрев во нивните печки, а роговите ги употребуваат за изработка на алатки. Ова ја прави уникатна оваа група помеѓу заедниците одгледувачи на ирваси.

Како што се намалува бројноста на ирвасите, само околу четириесет семејства ја продолжуваат традицијата и денес. Нивното постоење е загрозено со намалениот број на припитомените ирваси. Многумина го замениле номадскиот живот со животот во урбаните области.

ts01 ts02 ts03 ts04 ts05 ts06 ts07 ts08 ts09 ts10 ts11 ts12 ts13 ts14 ts15 ts16 ts18 ts19 ts20 ts21 ts22 ts23 ts24

Сподели на Facebook
пати видено