Скот Мартин, гордиот млад татко од државата Вашингтон, САД, ја снимил оваа прекрасна фотографија во која Мили, неговата 92-годишна баба, ја имала можноста да се запознае со Пенелопи, ќерката на Мартин, стара два дена.

„Мислам дека баба ми се држеше само за овој момент. Ова беше еден од најубавите мигови од мојот живот и мислам дека истото важи и за неа.“ Пишува Мартин на Редит. Пенелопи и од порано е позната на интернет заедницата поради тоа што со ултразвук била снимена како плеска со рачињата додека е во утробата на својата мајка.

Погледнете го неверојатниот момент кога се сретнуваат различните генерации во едно семејство.

pr01

Сподели на Facebook
пати видено