Оваа висечка пешачка патека ви овозможува прошетка НАД дрвјата во Кејптаун

Се разбира, би можеле да тргнете на обична прошетка во шумата, но зошто би го правеле тоа кога би можеле да шетате НАД дрвјата Шеталиштето над крошните на стогодишните дрвја во Кирстенбош, Кејптаун, е кренато шеталиште кое на посетителите им овозможува да ја видат шумата и дрвјата како што тоа го прави птица или мајмун.

Просто не е можно да има вакви чудовишта во ова тајландско езеро!

Дали некогаш сте посакале навистина да можете да отидете во паркот Јура, но потоа ќе се сетите дека рапторите јадат луѓе? Па, сега би можеле да се дружите со предисториски суштества со нешто помалку опасна природа. Местото се нарекува „Езерото Јура“ и се наоѓа во Тајланд. Езерото Јура е популарно катче кај риболовците, што воопшто не е некое изненадување, бидејќи таму може да се улови огромна, диносаурска риба.

Најстарите дрвја во светот

Некои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета.

Урбана куќа на дрво со 150 дрвја ги заштитува станарите од врева и загадување

Лучијано Пиа, ахитект од Италија, има прекрасна визија за тоа како луѓето и природата можат да живеат заедно дури и во целосно урбан пејсаж. 25 Верде, станбен комплекс кој тој го дизајнирал во Торино, е петкатница која е спој помеѓу раскошни дрвја и челични носачи кои ќе направат луѓето кои живеат во неа да се почувствуваат како да живеат во џиновска урбана куќичка на дрво.

Дали би престојувале во овој романски леден хотел?

Романците имаат став дека сѐ е можно ако се решите на нешто, а тоа важи и за овој хотел направен од лед. Хотелот е сместен на Карпатите, на висока надморска височина. Тоа е првиот ваков хотел во југоисточна Европа. Но, ако хотелот е направен од лед, тоа не значи дека е неудобен за престој. Ви […]

Би се осмелиле ли да ја поминете „Малата кралска патека“ во Шпанија, изградена 1901 година?

„El Caminito del Rey“ е пешачка патека која е предизвик за авантуристите од целиот свет. Патеката е во доста лоша состојба што ја прави многу опасна. Изградена е далечната 1901 година над клисурата „El Chorro“ во областа Малага, Шпанија.

Овие 28 неверојатни фотографии ќе направат да посакате веднаш да ги посетите Фарските острови

Дали во моментов посакувате да сте каде и да е, само не во вашата канцеларија? Дали сакате да отпатувате на некој далечен остров, сами?
Можеби би требало да ги земете предвид Фарските острови. Ним им е потребен прилив на население. Не зборувате старонордиски јазик? Фарските острови целосно го заслужуваат вашиот труд да го научите овој јазик.

Улични трговци од целиот свет (фото)

Она што се продава на улиците многу кажува за земјата и за животот на луѓето во неа. Следуваат интересни фотографии од улични продавачи од ширум светот.

Ова не е некоја американска метропола, ова е Москва!

Видеото е снимено со дрон кој ја надлетува Москва и убаво е да се види за да немаме погрешна претстава за Русите како заостанат народ. Во руралните средини приказната е сосема поинаква.

На источниот брег на Канада наврна рекордна количина на снег, а на западниот брег како да е пролет

Фотографиите што ќе ги видите во продолжение се од источниот брег, каде на некои места снежната покривка достигна и до 2 метри, а видеото на крај е интересна споредба на источниот и западниот брег.

Шест години го сликам мојот шатор во планините

Се викам Карол Ниенартовиц и сум фотограф од Полска. Последните шест години патувам низ Европа, искачувајќи се по нејзините планини и минувајќи ги ноќите во шатор во најдивите и најоддалечени места. Вообичаено фотографирам изгејсонца и зајдисонца, па така мојот шатор често се наоѓа како дел од прекрасна сценографија. Поради тоа решив да го фотографирам мојот […]

Топ 25 чудесни места кои мора да ги видите во текот на животот

Животот треба да е исполнет со убави искуства кои ги прошируваат видиците и ја полнат душата со убавина. А убавината на оваа планета е токму такво нешто. Еве 25 места кои заслужуваат да се видат.

Бурманскиве жени ги отфрлаат нивните рестриктивни прстени

Туристите ги нарекуваа „жени жирафи“ кога го посетија бегалскиот камп. Тоа беше во деведесеттите кога посетителите од западот се запознаа со оваа древна традиција. Денес културата на жените жирафи, наречени Кајан Лахви, се менува.

Мистериозни шуми во кои би сакале да се изгубите

Шумите имаат древен и мистериозен шарм на кој сите сакаме да се навратиме, без разлика дали сме фотографи кои бараат совршена глетка за снимка или само патници и луѓе кои излегуваат на викендна прошетка. Скапоцената, природна и здрава шума е катедрала издигната во слава на природата, и затоа ваквите глетки секогаш го привлекуваат нашето внимание. […]

Жицарница претворена во луксузна хотелска соба која виси 2.750м во воздухот

Луѓе од целиот свет се пријавуваат да бидат заробени во жицарница во текот на една ноќ. Ова можеби ќе ви звучи лудо, но станува зборе работи за ексклузивен престој во стара жичарница трансформирана во луксузна хотелска соба. Уникатно искуство на 2.750 метри во воздухот, над француските Алпи.

Приватен остров со прекрасна вила по цена на куќа во Скопје

Островот Палома во Бокас Дел Торо, Панама е една од најевтините понуди на пазарот на приватни острови. Површината на целиот остров е 1000 метри квадратни, нема ниту змии, ниту инсекти, а наместо тоа има многу разновидни егзотични птици. Куќата има 2 спални соби и приватна плажа.

Како изгледа одмор на Хаваи?

Како изгледа одмор на Хаваи?

После девојките на видеово ќе ви стане јасно зошто Хаваи е број 1 туристичка дестинација во светот.

Живеам во Хокаидо, и секое годишно време го фотографирам ова величествено езерце

Ова сино езерце во Хокаидо ги менува боите во зависност од времето. На пример, на пролет има спектакуларно зелена боја. Вештачкото езеро беше создадено како дел од систем за контрола на ерозијата со цел да се заштити Биеи во случај на ерупција на вулканот Токачидаке. Езерцето е сино поради алуминиумот хидроксид.

Некои од најневеројатните места во светот за кои веројатно не сте ни слушнале

Веројатно и да ве кренат од сон, ќе знаете да наброите некои од светските врвни туристички одредишта. Замислете ги сите тие туристи со ужасни маици и патики како без врска позираат пред камерите сликајќи се насекаде и пречејќи на секого. Тоа не е баш вашата идеална претстава за одмор, особено ако одите на некоја далечна дестинација, зар не? Нашата планета е полна со навистина интересни места.

Екстремно опасно качување на замрзнатите Нијагарини водопади

Екстремно опасно качување на замрзнатите Нијагарини водопади

Канадскиот алпинист Вил Гед отиде едно ниво погоре од екстремниот алпинизам, обидувајќи се да се искачи по замрзнатиот дел од Нијагарините водопади. Погледнете ја мисијата на која ретко кој човек на планетата ќе се нафати.

Зграда – град во Америка

Во американската држава Алјаска постои едно мало гратче со име Витер. Во гратчето живеат само 220 жители. Она што го прави гратчето уникатно е што сите жители живеат во единствената 14 катна зграда во градот.

Вака изгледа зимата во Норвешка и никој не крева галама

А ние блокиравме со 30 сантиметри снег, пола држава немаше струја 10 дена :).

Кафе турнеја низ светот

Кафе турнеја низ светот

Дали сте љубител на кафе? Ако сте, знаете дека ништо на светот не е како првата голтка на вкусно кафе рано наутро. Одеднаш денот – без разлика дали истура дожд или е смрзнувачки студено – веќе не изгледа толку тегобен.
Ако сте патувале низ разни земји, знаете дека насекаде се прават различни варијанти на оваа напивка. Во ова видео се прикажани рецепти за кафе од целиот свет за тие од вас кои сакаат да си ја прошират палетата на кафе вкусови. Уживајте!

Моето големо патување во 2 минутно видео: 10 недели по пустините, џунглите, плажите и планините на Јужна Америка

Моето големо патување во 2 минутно видео: 10 недели по пустините, џунглите, плажите и планините на Јужна Америка

Вака се прави видео кога патувате во егзотични земји како што се Аргентина, Чиле, Боливија, Перу, Бразил и Парагвај. Дечково успеа неговото патување да го срочи во прекрасно 2 минутно видео. Уживајте!

15 примери за едни од најубавите кино сали во целиот свет

Со технолошкиот напредок некако се загуби интересот за одење во кино, делумно поради можноста да се гледа секој филм во удобноста на сопствениот дом, а делумно и поради тоа што стандардните кино сали не нудат нови предизвици. Но тоа не секогаш е така. Во следната листа ќе имате можност да прочитате за кино сали кои […]

Најпопуларниот камен во бразилскиот национален парк Тижука

Каменот е популарен затоа што се наоѓа на височина од 355 метри и е идеален за правење на екстремни фотографии за споделување на социјалните мрежи. При тоа животот воопшто не ви е во опасност :).

15 волшебни улици од целиот свет, украсени со дрвореди и цвеќиња

Јапонците ги набљудуваат пролетните цутења како дел од ханами – ценење на минливата убавина – но не ви е потребно некоја длабока философка продуховеност за да уживате во лежерна прошетка по овие живописни улици, кои потсетуваат на пролетта која доаѓа.

Да се чекори по ваква улица може да делува смирувачки, но си има и практични предности. Дрворедите помагаат при справувањето со жештините и се пријатни за прошетка и возење велосипед.

Автомобили кои зимата ги претворила во уметност

Зимата е прекрасно годишно време, но да бидеме реални, кога се будите рано наутро и ја наоѓате вашата кола заглавена во снег и замрзната, не е баш пријатно искуство. Како и да е, понекогаш природата и покрај тоа што знае да биде незгодна, сосема случајно ќе претвори нешто во вистинска уметност.

Магичен макро свет на полжави и бубачки од Вадим Трунов

Вадим Трунов е самоук фотограф од Воронеж, Русија, кој фотографира прекрасни макро фотографии со полжави, инсекти и печурки кои како да ја прикажуваат нивната личност и ткаат волшебни мали приказни за животите на овие потценети суштества. Погледнете ги фотографиите на овој фотограф кој е добитник на повеќе награди, и уверете се сами.

Прекрасна мала црква на мал остров во Русија

Црквата е изградена на површина од 100m², дело на дизајнерот Андреј Ротинов. Поради тоа, црквата го носи неговото и името на светецот Св. Андреј, и е завршена и посветена во 2000 година. Црквата е толку мала, а реката Вуокса која тече околу неа е толку огромна, што фотографиите просто се прават сами. Талентираните фотографи Анатолиј […]

+