Една жена од Њујорк по име Аманда Куртис ја имала среќата да го сними најреткото виножито на сите времиња – четирикратно виножито. Нејзината неверојатно ретка фотографија предизвикала голема возбуда кај коментаторите кога станала вирална.

Според метеоролозите тоа што Куртис го видела всушност се две двојни виножита, но тој факт не го прави овој феномен ништо помалку волшебен. Метеорологот од Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА), метеорологот Пол Њумен за Вашингтон пост изјавил дека второто двојно виножито се појавило со одбивањето на сончевата светлина од големата водна површина во близина.

rare-quadruple-rainbow-double-rainbow-amanda-curtis-long-island-ny-3 (1)

Сподели на Facebook
пати видено