Светот едноставно не е рамнодушен на Америка, луѓето или ја сакаат или ја мразат. Ја мразат поради нивниот империјализам, поради тоа што изигруваат светски полицаец, ги нарекуваат Американците глупави, дебели и што ли не, но има нешто на што ретко кој од критичарите обрнува внимание – луѓето од целиот свет се обземени од американската култура! Погледнете само, каква е облеката која ја носиме? Што најчесто носите во секојдневието – џинс, панталони кои ги носеле американските фармери, да не речам селани. Каква музика слушате? Од каде доаѓаат вашите омилени филмови, за брзата храна и да не говориме. Факт е дека САД се тоа што некогаш биле Англија, Франција или Рим. Се оди дотаму што во светот се празнуваат и традиционално американски празници, а ќе се изненадите кога ќе прочитате каде сѐ се прави тоа.